Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е целосно усогласен со ставовите на бугарските власти.
„Филипче потполно усогласен со Радев и бугарските власти, како специјален бугарски пратеник шири нивни политики во Македонија“, рече Лефков.
Тој посочи дека додека во Европската Унија се разговара за пристапувањето на земјите од Западен Балкан и за Планот за раст, Филипче и бугарскиот претседател Румен Радев, според него, бараат уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот.
Лефков оцени дека таквиот пристап не нуди гаранции за заштита на националните интереси и не обезбедува предвидлив евроинтегративен пат за државата.
Тој обвини дека Филипче и СДСМ доколку се на власт, ќе потпишат дека Македонија е од 1945 година, а пред тоа сме биле Бугари.