Треиумф на спектакуларниот Мартин во Ле Ман – Шпанецот победи во главна трка по пауза од 588 дена

Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, триумфираше на Големата награда на Франција, петтата трка во сезоната во шампионатот Мото ГП. Шпанецот заврши совршен викенд во Ле Ман, каде што славеше во спринтот претходниот ден. Мартин, во Ле Ман, ја забележа првата победа во главна трака уште од шампионсата сезона. 588 дена мина од неговата победа 29 септември 2024 година во Индонезија. …

Continue Reading

Путин предложи поранешниот германски канцелар да посредува во преговорите, Берлин одби

Германија го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да посредува во евентуални преговори меѓу Европска Унија и Русија за мировен договор во Украина. Предлогот следуваше откако претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека постои „потенцијал“ Европската Унија да разговара со Русија за идната безбедносна архитектура во Европа. Путин изјавил дека доколку дојде до …

Continue Reading

Фицо: Ако Зеленски сака средба со Путин, треба директно да му се јави

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба директно телефонски да го контактира рускиот претседател Владимир Путин доколку сака да организира средба лице в лице. Фицо ова го изјави ден по неговата посета на Москва, каде што присуствуваше на одбележувањето на Денот на победата. Словачкиот премиер посочи дека за време на лична средба во Ереван, Зеленски му …

Continue Reading

(Фото) Првиот авион со евакуирани патници од крузерот погоден од хантавирус полета од Тенерифе

Првиот авион со патници евакуирани од крузерот МВ Хондиус, погоден од епидемија на Хантавирус, полета од Тенерифе кон Мадрид. Станува збор за мала група шпански патници кои по пристигнувањето ќе бидат ставени во карантин во воената болница „Гомез Уља“. Патниците од бродот се евакуираат во групи според националност и со мали чамци се префрлаат до брегот. На снимките од операцијата …

Continue Reading

(Фото+видео) Морски дрон со 100 килограми експлозив пронајден кај грчкиот остров Лефкада

Морски дрон опремен со околу 100 килограми експлозив бил пронајден во близина на грчкиот остров Лефкада, објави грчката радиостаница ЕРТЊуз. Дронот, долг околу шест метри, бил забележан во четвртокот покрај карпи во близина на островот, а неговиот мотор сè уште работел кога го пронашле рибари. Според извештаите, рибарите не биле свесни дека пловилото носи експлозив и го одвлекле до мало …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

(Фото+видео) Голем пожар во зоната околу Чернобил

Голем пожар избувна во зоната околу Чернобилска нуклеарна централа, а неговата површина во последните 24 часа се зголемила речиси десетпати. Според Државниот научно-технички центар за нуклеарна и радијациска безбедност на Украина, пожарот во моментов не претставува радијациска закана за населението надвор од зоната на исклучување. Надлежните соопштија дека постојано ја следат состојбата, движењето на чадот и временските услови, како и …

Continue Reading

Министерството за здравство продолжува со поддршка и унапредување на статусот на медицинските сестри и акушерки

Министерот за здравство, Азир Алиу, по повод одбележувањето на националната и европската недела на медицински сестри и акушерки, ја истакна клучната улога на медицинските сестри, техничари и акушерки како јадро на здравствениот систем – од превенција и дијагностика, до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства. -Министерството за здравство е посветено на зајакнување на човечките ресурси во јавните здравствени …

Continue Reading

(Фото) Британски воени лекари со падобрани стигнаа на изолиран остров поради сомнеж за хантавирус

Британски воени лекари со падобрани се спуштија на островот Тристан да Куња за да му помогнат на британски државјанин кај кого постои сомнеж за инфекција со Хантавирус. Мажот живее на овој оддалечен британски остров и во средината на април се симнал од крузерот МВ Хондиус, на кој претходно избувна смртоносна епидемија на вирусот. Според Би-Би-Си, првите симптоми ги пријавил две …

Continue Reading

Независни руски медиуми: Во војната во Украина загинале околу 352.000 руски војници

Независните руски медиуми Медиазона и Медуза објавија нова проценка за вкупните руски воени загуби во војната во Украина. Според нивниот извештај, од почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година, загинале околу 352.000 руски мажи на возраст меѓу 18 и 59 години. Извештајот беше објавен симболично на Денот на победата во Москва. Потврдени имиња на повеќе од 217.000 загинати …

Continue Reading