Израел го дели југот на Либан на три зони, Нетанјаху најави „тампон зона“
Израел, по постигнатото примирје со Либан, поделил дел од јужен Либан под своја контрола на три зони, пренесуваат израелските медиуми. Првата, таканаречена „црвена зона“, се наоѓа долж границата, каде што поголем дел од објектите се уништени и, според наводите, нема борци на Хезболах. Втората, „жолта зона“, се протега 6 до 10 километри од границата, каде израелската војска останува распоредена со …
Continue Reading
Трамп: Ќе го уништиме Иран ако нема договор, нема повеќе господин добар
Главниот дописник на ABC News од Вашингтон, Џонатан Карл, објави на платформата X дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој тврди дека Трамп му рекол оти Иран направил „сериозно прекршување“ на примирјето, но дека сè уште верува дека може да се постигне мировен договор. Не прецизирал што точно го смета за прекршување. Трамп се огласи и на социјалната мрежа …
Continue Reading
Дарио Ивановски втор на маратонот во Белград
Дарио Ивановски оствари брилијантен резултат на маратонот во Белград. Во жестока конкуренција, Ивановски го освои второто место. Гидета Гаса Гемсиса, од Етиопија победи со нов рекорд на патеката – 02:09:11, Ивановски зад победниот задоцни за 34 секунди. Иако долго време беше лидер, Јохана Ерот од Кенија заврши трет со 02:09:55. Во главната трка учествуваа 2.350 натпреварувачи, а вкупно 14.500 од …
Continue Reading
Филипче: Граѓаните скапо плаќаат за бајките на Мицкоски, со празни џебови и празни фрижидери
-
новинар
-
April 19, 2026
-
Вести, Опозиција, Политика
-
0 Comments
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека граѓани директно ги чувствуваат последиците од бајките на Мицкоски. „Граѓаните скапо ги плаќаат бајките и неспособноста на премиерот Мицкоски. Ги плаќаат со празни џебови и со празни фрижидери“, истакна Филипче. Тој нагласи дека СДСМ навремено предупредуваше и нудеше конкретни решенија за справување со кризата, но Владата не презела ништо. „Баравме …
Continue Reading
Мицкоски: Во Бугарија гласаат само 250 од 200-те илјади македонски Бугари на Радев
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, посочи дека на изборите во Бугарија се пријавиле само 250 граѓани од Македонија, додека Румен Радев и луѓето околу него заговараа бројки од 200 илјади граѓани во земјава кои се определуваат како Бугари. „Очекував излезеноста да биде малку поголема“, искоментира Мицкоски. Премиерот очекува од овие избори да произлезе јасно проевропски ориентиран премиер кој ќе …
Continue Reading
СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција порача дека СДСМ бара итни и конкретни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, со посебен фокус на најранливите категории. „Ние продолжуваме да бараме да се замрзнат цените на основните прехранбени производи, да се интервенира во ДДВ-то и да се донесат посебни мерки за помош на одредени загрозени категории на граѓани – …
Continue Reading
Пријава за малтретирање и закани: тетовец под истрага за насилство врз партнерка и деца
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 43-годишен тетовец поради сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. Според пријавата, осомничениот физички и психички ја малтретирал својата партнерка, како и нејзините деца. Во последните три месеци, тој преку мобилна апликација им испраќал и пораки со заканувачка содржина. Случајот е процесуиран до надлежните институции.
Continue Reading
Со мотори се судриле 12 и 13-годишни деца во Конче, едното е тешко повредено
Две малолетни лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во селото Конче, радовишко. На 18 април 2026 година околу 16 часот, во ОВР Радовиш било пријавено дека дошло до судир помеѓу два мотоцикли, управувани од 12-годишник и 13-годишник, двајцата од селото. Во несреќата, 13-годишникот се здобил со тешки телесни повреди, додека 12-годишникот поминал со телесни повреди. Повредите биле …
Continue Reading
Лажна дојава за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“ – полицијата утврди дека нема опасност
Лажни се дојавите за поставени бомби во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Како што соопштија, денеска (19.04.2026) на електронската адреса на МВР била добиена порака со закана за поставени експлозивни направи во двата објекта. Веднаш по пријавата, полициски службеници презеле соодветни мерки и активности во и околу трговските центри. По извршените …
Continue Reading