Израел, по постигнатото примирје со Либан, поделил дел од јужен Либан под своја контрола на три зони, пренесуваат израелските медиуми.
Првата, таканаречена „црвена зона“, се наоѓа долж границата, каде што поголем дел од објектите се уништени и, според наводите, нема борци на Хезболах.
Втората, „жолта зона“, се протега 6 до 10 километри од границата, каде израелската војска останува распоредена со цел да спречи напади кон северен Израел.
Третата зона се протега до реката Литани, околу 30 километри од границата, каде Израел планира да одржува контрола.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху најави формирање на засилена безбедносна, односно „тампон зона“, широка околу 10 километри, со цел заштита од напади.
Во Либан расте загриженост дека ваквото присуство може да стане долгорочно, потсетувајќи на слична ситуација од минатото.