Орбан го стопира заемот за Украина, ЕУ возвраќа дека однесувањето е неприфатливо

Лидерите на ЕУ не успеаја да го убедат унгарскиот премиер Виктор Орбан да ја повлече блокадата на заемот од 90 милијарди евра за Украина, пренесе „Гардијан“. Финансирањето е оценето како клучно за воена и економска поддршка. Незадоволството меѓу европските лидери е изразено јавно, при што некои го обвинија Орбан за „лоша волја“ и дури за „предавство“. Претседателот на Европскиот совет …

Continue Reading

Реакција на Групацијата за производство на цигари и Здружение на производители на тутун и тутунски производи при Стопанската комора на Македонија на предлог-текстот на законот за заштита од пушење

По повод денешната изјава на Министерот за здравство, Азир Алиу, за Предлог-законот за заштита од пушење, Групацијата за производство на цигари и Здружението на производители на тутун при Стопанската комора на Македонија, во чиј состав членуваат Philip Morris International, Imperial Brands, British American Tobacco и Japan Tobacco International, изразуваат длабока загриженост и разочарување од дополнетиот и изменет текст на предложеното …

Continue Reading

Најдобро чуваната шопинг тајна е откриена: Pepco доаѓа во Скопје овој јуни!

Обележете го јуни во вашите календари, бидејќи првите продавници на Pepco во Скопје се подготвени да станат дестинација број еден за сите што бараат квалитетна облека и производи по најдобри цени на пазарот. Со ова, Скопје станува дел од големата приказна на брендот кој веќе 22 години ги освојува срцата на потрошувачите низ цела Европа. Скопје, 19.03.2026  –  Pepco, еден …

Continue Reading

dm и „Матрона“ со бесплатна обука на тема „Мирни ноќи за целото семејство: спиење, навики и транзиции кај децата“

Компанијата dm drogerie markt и Здружение на граѓани за промоција и поддршка на здравјето „Матрона“, ги покануваат мајките, идните родители и сите заинтересирани на бесплатната онлајн обука на тема „Мирни ноќи за целото семејство: спиење, навики и транзиции кај децата“, која ќе се одржи на 23 март, од 17.30 до 19 часот. Сите заинтересирани треба да го потврдат своето присуство …

Continue Reading

Алиу: Соработка со Меѓународен универзитет Визион со цел унапредување капацитетите во здравствениот систем

Министерот за здравство, Азир Алиу потпиша Меморандум за соработка со Vision Academy, со цел унапредување на капацитети и развој на иновативни решенија во здравството. На средбата беше присутен и Амбасадорот на Р. Турција, Н.Е. Фатих Улусој. Со Меморандумот се воспоставува рамка за институционална соработка насочена кон развој на човечки ресурси, примена на современи технологии и поддршка на процесите за модернизација …

Continue Reading

Утре променливо облачно време со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март – Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. Таа го поздрави холистичкиот пристап во работата на здружението во функција на континуирано унапредување на животот на децата, младите и возрасните лица со Даунов синдром. …

Continue Reading

Катастрофа за Пистонс – Канингем доживеа колапс на белите дробови

Најголема ѕвезда на Детроит Пистонс, Кејд Канингем доживеа сериозен здравствен проблем (пневмоторакс) и го очекува долга пауза. Според, новинарот Шемс Чаранија, на Канингем му е дијагностициран колапс на белите дробови, поради што ќе биде надвор од теренот подолг временски период. Оваа вест е огромен удар за Детроит Пистонс, кои во голема мера се потпираат на својот лидер и најдобар играч, …

Continue Reading

Втора работна конференција во Струмица за користење на јавни површини од угостители и трговци

Денеска се одржа втората работна конференција на Локалниот совет за превенција во општина Струмица. На иницијатива на градоначалникот Петар Јанков, на дневен ред беше актуелна тема – поставување на урбана опрема на јавни површини за вршење на угостителска и трговска дејност надвор од деловен објект, како и узурпација на јавни површини по разни основи. Покрај градоначалникот Јанков, на конференцијата присуствуваа …

Continue Reading