Три земји сè уште ја немаат признаено Хрватска

Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, изјави дека одбележувањето на Денот на меѓународно признавање на Хрватска и Денот на мирна реинтеграција на хрватскиот Дунавски регион на 15 јануари не е само сеќавање на минатото, туку и потсетник за одговорноста што ја имаме за сопствената иднина, слободата и демократијата. „Особено е важно да се истакне ова во овие моменти на создавање …

Continue Reading

Медведев: Што ќе направи Галскиот петел? Ќе го киднапира Трамп? Нуклеарен напад врз САД?

Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност, ја коментираше вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон. „Галскиот петел закукурика дека ако суверенитетот на Данска биде допрен, последиците ќе бидат без преседан. Што ќе прават?! Ќе го киднапираат американскиот претседател? Нуклеарен напад врз САД? Секако дека не. Тие само ќе се исплашат и ќе се откажат од Гренланд. А тоа …

Continue Reading

Трендот на пиење маслиново масло е популарен кај младите: Колку е здраво?

На социјалните мрежи се појави нов тренд – пиење маслиново масло „на екс“ со цел подобрување на здравјето. Иако маслиновото масло е неопходен дел од здравата исхрана, нутриционистите предупредуваат дека таков начин на консумирање можеби не е најдобриот пристап и може да има негативни последици. Пиењето маслиново масло доби популарност на социјалните мрежи, со тврдења дека го подобрува здравјето на …

Continue Reading

Самсунг (Samsung) ја носи апликацијата “Fender Play“ на почетниот екран на “Samsung” телевизорите

Скопје, 15 јануари 2026 година – “Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) најави ексклузивно глобално партнерство со водечкиот светски бренд за гитари, “Фендер“ (“Fender“), за да го донесе првото телевизиско издание на апликацијата “Fender Play“ на “Samsung“ телевизорите во 2026 година1. „Со видео лекции на ’Samsung’ телевизорите, учењето инструмент природно се вклопува во секојдневниот живот и им помага на оние кои имаат …

Continue Reading

Јадете колку што сакате: Овие 9 намирници нема да ве здебелат

Следењето на вашата исхрана и внесот на калории често може да биде предизвикувачко, особено со зафатен начин на живот и постојана достапност на разновидна храна. Да не ги спомнуваме празничните гозби што ги уживавме. Броењето калории и контролирањето на порциите може да изгледа премногу и тешко за одржување во желбата да ја одржите посакуваната тежина и да не добиете вишок …

Continue Reading

(Видео) Тешка несреќа во Словенија: Експлодираше цистерна, автопатот е затворен

Поради сериозна сообраќајна несреќа, Штаерскиот автопат во Словенија е затворен за сообраќај во двата правци во делот помеѓу Словенске Коњице и Словенска Бистрица Југ. Според неофицијални информации, во несреќата во која учествувале повеќе возила, експлодирала цистерна, објавува N1 Словенија. Се наведува дека детонацијата наводно се слушнала во поголемиот дел од Словенска Бистрица. Се очекуваат официјални изјави од полицијата и пожарникарите. …

Continue Reading

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија претрес на фирма која нелегално вршела меѓународни поштенски услуги и криумчарела стока. Во моментот на претресот беа пронајдени вкупно 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240 илјади денари. Пронајдената криумчарена стока е запленета, а од …

Continue Reading

Уапсен маж од Валандовско: управувал возило под дејство на алкохол

Вчера во 13:06 часот во село Јосифово, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово го лишија од слобода 46-годишниот Г.К. од село Јосифово. При сообраќајна контрола во село Јосифово е сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,28 промили алкохол …

Continue Reading

(Видео) Далас загуби од Денвер и остана без Купер Флег

Кошаркарите на Далас Маверикс загубија од Денвер Нагетс (без Никола Јокиќ) со 109:118 и останаа без Купер Флег. Првиот пик на последниот драфт го повреди глуждот. Џамал Мареј ги предводеше Нагетс против Далас со 33 поени, 2 скока и 5 асистенции, додека Арон Гордон имаше 22 поени, 6 скока и 3 асистенции, а Наџи Маршал со 24 поени постигна најмногу …

Continue Reading