Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеци, извести СВР Велес. – Бебето било хоспитализирано на 12.01.2026, но починало, и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција, соопшти СВР Велес.

Continue Reading

(Видео) Фрчкоски: Паралелно со антиамерикански активности, Мицкоски води и анти-ЕУ кампања

Паралелно со антиамерикански активности, Мицкоски води и анти-ЕУ кампања, обвини Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ. „Суспендирани визи од САД – периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија. Последната одлука на САД е Македонија да биде опфатена во суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, …

Continue Reading

Зеленски прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор, со посебен фокус на Киев, кој се соочува со последиците од руските напади што ги оставија жителите без струја, греење и вода при температури под нулата. Откако руските напади пред пет дена ја оштетија енергетската инфраструктура во главниот град, големи делови од Киев се соочуваат со прекини во снабдувањето со …

Continue Reading

Баерн подготвува сензационален трансфер

Баерн Минхен, има намера да го ангажира Бруно Фернандеш (31) и да го комбинира со Хари Кејн, пишува британскиот „The i Paper“. Извесно е дека Португалецот ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Овој извор не открива дали намерата на Баерн е да го реализира трансферот во зимскиот преоден рок. Овој извор, потенцира дека за клубовите кои не се …

Continue Reading

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да биде унапреден и да детектира и фрлање отпадоци и отпушоци од цигари од возилата. Како што информираат од организацијата преку објава на социјалните мрежи, петицијата била лично доставена до Владата и до Министерство за внатрешни работи. Од „За почиста Македонија“ …

Continue Reading

Герасимов: Во јануари окупиравме 300 квадратни километри во Украина

Руските сили зазедоа повеќе од 300 квадратни километри украинска територија во првата половина на јануари, изјави началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов. Русија соопшти дека минатата година зазела 6.640 квадратни километри во Украина. Украинскиот парламент во среда го назначи младиот технократ Михаил Федоров за министер за одбрана, додека владата се стреми да ги поттикне иновациите за да ја зајакне војската …

Continue Reading

Поранешен руски заменик-министер пронајден мртов: „До телото пронајдено оружје“

Поранешниот руски заменик-министер за труд и социјална заштита Алексеј Скљар изврши самоубиство, објави „Московски комсомолец“. Според весникот, телото на поранешниот функционер е пронајдено во неговиот дом во селото Поповка, во областа Филимонковски. Веста ја објави и руската државна новинска агенција ТАСС. „Московски комсомолец“ објавува дека пред смртта, Скљар оставил проштална порака на социјалните мрежи во која изјавил дека сè е …

Continue Reading

Поларен студ се очекува во Европа кон крајот на јануари

После декември со претежно стандардно време, јануари донесе студ и снег. Значителен дел од Европа моментално е под снежна покривка, што создава услови за развој на ладен континентален антициклон и продолжување на зимските услови. Во исто време, се развива голем сибирски антициклон, кој би можел да насочи многу студен, можеби поларен, воздух кон југ кон крајот на месецот. Влијанието на …

Continue Reading

Тотален дебакл

Фудбалерите на Реал Мадрид сензационално загубија во првиот натпревар под водство на новиот тренер Алваро Арбелоа. „Кралскиот клуб“, доживеа пораз во Албасете, од 17-от тим во Втората шпанска лига со 3.2. Хави Виљар го доведе домашниот тим во водство, а Франко Мастантуоно постигна гол за израмнување. Уште еден гол за домаќините постигна Хефте Бетанкор во 82-та минута, Гонзало Гарсија повторно …

Continue Reading