ЕУ: Од следната година, привремен данок од три евра за мали пакети од Кина
Министрите за финансии на Европската Унија денес се согласија да воведат привремена такса од три евра по пратка од јули 2026 година за сите мали пакети што пристигнуваат од Кина и други земји надвор од Европската Унија. Овој режим ќе биде привремено решение до 2028 година, кога ќе стапи на сила нов царински систем со трајни царински давачки за пакети …
Continue Reading
Општина Гевгелија ја најавува новогодишната забава за заеднички дочек на 2026 година на Градскиот плоштад
Општина Гевгелија и оваа година подготвува незаборавна новогодишна забава на Градскиот плоштад, каде што на 31 декември 2025 година, со почеток во 20:30 часот, ќе биде организиран спектакуларен дочек на Новата 2026 година. Под мотото „Новогодишна магија“, граѓаните и гостите ќе уживаат во богата музичка програма, специјални сценски настапи и празнична атмосфера. Главна ѕвезда на новогодишната вечер ќе биде македонска …
Continue Reading
Ѓорѓиевски: Скопје конечно добива Луна Парк
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја најави долгоочекуваната реализација на проектот за новиот Луна Парк, значајна инвестиција што по децении неизвесност конечно ќе го донесе модерниот семеен парк за забава што го заслужува Скопје, информираат од Град Скопје. Со започнувањето на јавната набавка за проектирање и монтажа, градот, додаваат од таму, влегува во нова фаза на урбана трансформација …
Continue Reading
Законот за правична и соодветна застапеност доби позитивна оценка од Венецијанската комисија, соопшти Фетаи
Законот за правична и соодветна застапеност доби позитивна оценка од Венецијанската комисија, со што се потврдува дека е во целосна согласност со европските стандарди и демократските вредности, информираат од кабинетот на заменик-претседателот на Владата за добро владеење, Арбен Фетаи, во врска со Законот за соодветна и правична застапеност. Со овој закон, додаваат во соопштението, ќе се обезбеди квалитетна рамнотежа меѓу …
Continue Reading
Уапсена добитничката на Нобелова награда за мир
Иранските власти денес ја уапсија добитничката на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади (53), соопшти Фондацијата Наргес, која работи во нејзино име. Во соопштението се наведува дека Мохамади е приведена во Мешад, околу 680 километри североисточно од главниот град Техеран, каде што присуствувала на комеморација за адвокатот за човекови права Хосров Аликорди, кој неодамна беше пронајден мртов под сомнителни околности, …
Continue Reading
Декемвриски број на месечникот „Гевгелиски магазин“
Излезе од печат декемврискиот број на месечникот „Гевгелиски магазин“ кој донесува повеќе интересни и актуелни содржини. Весникот содржи опширни извештаи за изминатите Локални избори 2025 година и прославата на Денот на ослободувањето на Гевгелија- 7 Ноември. Исто така, во „Гевгелиски магазин“ е опфатено интервјуто со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој повторно ја доби довербата од граѓаните за уште …
Continue Reading
Ново детско катче во Урбан блок 5 „Касарна“ во Гевгелија
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши теренски увид во тековните градежни работи за уредување на новото детско катче во Урбан блок 5- „Касарна“ во Гевгелија.Изведбата опфаќа поставување современи детски реквизити согласно највисоките безбедносни стандарди, нова урбана опрема, како и софистицирана тартан подлога која овозможува поголема заштита при игра. Со реализацијата на овој проект се создава современ и функционален простор …
Continue Reading
Одржан новогодишниот детски концерт „Колоритот на орото“ на Ансамбл „бојмија“
Во преполната сала на Народниот театар- Гевгелија, на 10 декември 2025 година, со почеток во 19:30 часот, се одржа новогодишниот детски концерт на Ансамбл „Бојмија“ под наслов „Колоритот на орото“. Настанот, кој традиционално го означува празничниот дух во градот, и оваа година привлече многубројна публика- родители, роднини, љубители на фолклорот и поддржувачи на младите таленти. Детските групи на Ансамблот приредија …
Continue Reading
Музика што обединува, поддршка што трае: Халкбанк и Калиопи ја заокружија есенската концертна сезона
-
Mark
-
December 12, 2025
-
Издвојуваме, Култура
-
0 Comments
Есенската концертна сезона на Калиопи оваа година помина во препознатлив ритам, убава атмосфера и распродадени сали, а Халкбанк беше таму како главен поддржувач на едно од највлијателните музички имиња во Македонија. Македонската музичка дива уште еднаш покажa дека нејзиниот глас, интерпретацијата и енергијата создаваат моменти што ја обединуваат публиката, без разлика на генерациите. Како партнер, Халкбанк упати посебна покана до …
Continue Reading