Штрајк во Италија: сообраќајот и работата на училиштата нарушени
Национален штрајк на најголемиот синдикат во Италија, организиран во знак на протест против буџетот на премиерката Џорџа Мелони за 2026 година, денес собра десетици илјади луѓе на улиците, со што се наруши сообраќајот на возовите, училиштата и другите јавни услуги низ целата земја. Синдикатот CGIL проценува дека околу 61 процент од сите вработени во јавниот и приватниот сектор се приклучиле …
Continue Reading
Блажевски бронзен на ЕП до 21 година во таеквондо
Филип Блажевски од таеквондо клубот Бутел, вечерва во Приштина, оствари голем успех. Блажевски освои бронзен медал на Европското првенство до 21 година. На патот до медалот, Блажевски, забележа три победи и пораз. Славеше со 2:0 над Манита Александру од Молдавија и Олександар Јефимов од Украина, односно со 2:1 го победи Ајман Бари од Франција. Доживеа пораз од Хрватот Оскар Ковачиќ, …
Continue Reading
Песков: Москва инсистира на мир
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва инсистира на мир, а не на прекин на огнот, и ја отфрли идејата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за одржување референдум за територијалното прашање. „Ако идејата е да се создаде изговор за барање прекин на огнот, пауза на фронтот, тогаш природно тоа нема да функционира. Бидејќи сакаме да работиме на …
Continue Reading
Се смирија Салах и Слот
Мохамед Салах се враќа во првиот тим на Ливерпул и ќе му биде на располагање на тренерот Арне Слот, утре против Брајтон. Најдобриот стрелец на „Црвените“ во последните неколку години не патуваше во Милано, на дуелот со Интер во Лигата на шампионите, што беше индикација дека имало конфликт со тренерот. Инаку, претходно, Салах, го преседе на клупата натпреварот против Лидс …
Continue Reading
Турски товарен брод погоден во ракетен напад врз Одеса
Турски товарен брод беше оштетен денес во ракетен напад во пристаништето Одеса, објави компанијата „Ченк Денизчилик“, објавија турските медиуми. Според извештаите, во случајот нема повредени, а по нападот, на бродот избувнал пожар. Брод што превезувал камиони од турскиот град Карасу до Одеса бил погоден во пристаништето Чорноморск кратко по пристанувањето. Противпожарни екипи, како и екипажот на бродот, учествуваат во гаснењето …
Continue Reading
(Видео) Шпанската политичарка Мартинез носеше никаб на седница
Вирџинија Мартинез, регионална пратеничка во Мурсија од шпанската конзервативна партија Вокс, се појави во регионалното собрание oблечена во никаб за да го презентира предлогот на нејзината партија за забрана на таква облека на јавни места. На снимката објавена од самата Мартинез, може да се види како таа влегува во зградата на регионалниот парламент облечена во никаб. Пред да се качи …
Continue Reading
Романија потврди два случаи на лепра, првпат по 40 години
Романија објави дека пронашла две масерки кои страдаат од лепра во спа центар во северозападниот град Клуж, што е прв потврден случај на болеста во таа земја од Европската Унија по повеќе од 40 години. Како што објавува Ројтерс, уште две лица се тестираат, а двата потврдени случаи – двете индонезиски државјанки, на возраст од 21 и 25 години – …
Continue Reading
Промена во Зелениот план: ЕУ се откажува од целосната забрана за возила на дизел и бензин
Целосната забрана за продажба на нови автомобили на бензин и дизел во Европската унија од 2035 година ќе биде олеснета, најави еден од водечките политичари на Европскиот парламент. Одлуката, која Европската комисија треба да ја објави следниот вторник во Стразбур, предизвика остри поделби и гнев кај екологистите, кои тврдат дека тоа го поткопува Зелениот план на ЕУ, пишува „Гардијан“. Германскиот …
Continue Reading
Фицо: Нема да поддржам ништо, што би довело до поддршка за воените трошоци на Украина, дури и ако треба да седиме во Брисел до Нова Година
Словачкиот премиер Роберт Фицо одби каква било поддршка за дополнително финансирање на украинските воени средства, „дури и ако седат во Брисел до Нова Година“. Тој исто така рече дека „не сака да биде дел од Западна Европа каде што животот на Русите и Украинците е безвреден“. Во објава на социјалната мрежа Икс, Фицо изјави дека денес имал телефонски разговор со …
Continue Reading