Финскиот претседател: Светот е во нова нуклеарна ера
Финскиот претседател Александар Стуб денес изјави дека светот е во нова нуклеарна ера и дека безбедносната средина во Финска е „посурова отколку што би сакале“. „Се префрливме во нова нуклеарна ера во која, за жал, улогата на нуклеарното оружје расте. Проценката на нашата безбедносна средина започнува со Русија, нејзините цели и средствата што ги користи за да ги постигне тие …
Continue Reading
Доделени „Атанас Близнакоф“ стипендиите за студентска извонредност: Нови 43 стипендисти стануваат дел од четвртата генерација на таленти
– Македонија2025 со гордост ја објавува листата на 43 нови добитници на стипендија „Атанас Близнакоф“ за студентска извонредност за академската 2025/2026 година. Стипендиите се доделуваат на студенти запишани во прва година на прв циклус студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои се истакнуваат со исклучителен академски успех, мотивација и потенцијал за личен и професионален развој. Секој стипендист …
Continue Reading
Уапсен е возачот кој денеска со „пасат“ усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и побегна од местото
Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје. Тој околу 12:30 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото …
Continue Reading
Петрушевска – Русопулос: Oстануваме посветени во исполнување на заедничката цел, членството во ЕУ
Шефицата на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Марија Петрушевска, и членовите: Бисера Костадиновска-Стојчевска, Сања Лукаревска и Беким Ќоку, денеска остварија средба со Теодорос Русопулос, претседателот на ПССЕ. Петрушевска изрази чест и задоволство од посетата на Русопулос, особено во време кога ја прославуваме 30-годишнината од нашето членство во Советот на Европа, …
Continue Reading
Маж од Охридско агресивно се однесувал кон неговиот татко
Во СВР Охрид, вчера во 17:10 часот е пријавено дека Ж.Ш. од охридско село, во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговиот татко. Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Шестмина починати во САД откако јаделе готови тестенини
Шест лица починаа, а десетици се хоспитализирани низ САД откако консумирале готови јадења со тестенини контаминирани со листерија, што ги натера властите да издадат итно предупредување до граѓаните да ги проверат своите фрижидери. Американската администрација за храна и лекови (FDA) го прошири повлекувањето на производите на Nate’s Fine Foods што се продаваат во големите малопродажни синџири како што се Trader …
Continue Reading
Арнолд: Секогаш ќе го сакам Ливерпул
Англискиот фудбалер Трент Александар-Арнолд зборуваше за своето враќање на „Енфилд“ пред натпреварот од четвртото коло од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал. Десниот бек го замени својот роден град со Мадрид ова лето. Навивачите на Ливерпул не му го простија предавството. Најмногу поради начинот на кој го направи тоа, претходно не го обнови договорот, поради што си замина без …
Continue Reading
Во првиот круг од локалните избори не се констатирани прекршувања на Изборниот законик од страна на радиодифузерите
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го објави Извештајот од изборното медиумско претставување во првиот круг од Локалните избори 2025 година, за периодот од 29 септември до 17 октомври 2025 година. Мониторингот опфати 11 национални програмски сервиси – МРТ 1; МРТ 2; Собранискиот Канал на МРТ; ТВ Алсат-М; ТВ Алфа; ТВ Канал 5; ТВ Сител; ТВ Телма; ТВ 24 …
Continue Reading
ОДРЖАНА КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Денеска во Општина Охрид, Општинската изборна комисија ги додели уверенијата за избор на сите 23 советници кои беа избрани на Локалните избори 2025 година. По доделување на уверенијата, се одржа Конститутивната седница на Советот на Општина Охрид на која беа верификувани мандатите на советниците. Со 16 гласови „ЗА“ за Претседател на Советот беше избран Перчо Божиновски кој беше носител на советничката листа од ВМРО- …
Continue Reading