(Видео) Мал авион се урна во Кенија: „Се плашиме дека загинаа 12 лица“
Мал авион се урна рано утрово во крајбрежниот регион Квале во Кенија додека леташе кон Националниот резерват Масаи Мара. Се стравува дека сите 12 лица во авионот се мртви, потврдија официјални лица, пренесува АП. Властите соопштија дека несреќата се случила во ридско и шумско подрачје на околу 40 километри од аеродромот Диани. Fatal plane crash Kwale. 12 pax on board. …
Continue Reading
Нетанјаху бесен: „Хамас ни ги врати останките од веќе закопан заложник“
Останките вратени од Хамас синоќа му припаѓаат на заложник кој веќе е погребан во Израел, а не на еден од 13-те починати заложници кои сè уште се држат во Газа, потврдија денес израелските власти. Овој потег предизвика остра реакција, а премиерот Бенјамин Нетанјаху најави итен состанок за да се разговара за одговорот на Израел, објави „Ерусалим пост“. Можните мерки што …
Continue Reading
Мицкоски: Енергетиката е поставена високо на државната агенда, не како техничко прашање, туку како национален приоритет
Енергетиката е поставена високо на државната агенда, не како техничко прашање, туку како национален приоритети државна стратегија, рече премиерот, Христијан Мицкоски, на отворање на 14-ти Меѓународен форум за енергетика и одржлив развој што од денеска до 30 октомври се одржува во Скопје. „Фактот што денес овде во Скопје се води оваа глобална дискусија, покажува дека регионалната енергетска иднина може – и …
Continue Reading
Богдановиќ објави видео од метежот во Центар: За 4 години издадени се 400 одобренија, има над 150 активни градилишта
За 4 години издадени се 400 одобренија за градба, има над 150 активни градилишта во Центар, вели поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ. Тој објави видео на социјалните мрежи од метежот во Центар велејќи дека ова е денешната слика: луѓе доцнат на работа, ученици доцнат на училиште, а децата доцна се носат во градинки. „7:52 наутро улица Васил Ѓоргов, …
Continue Reading
(Видео) Американски воен авион влета во окото на ураганот во близина на Јамајка, објавена е снимка
Ураганот Мелиса, бура од категорија 5, се приближува кон Јамајка со ветрови што достигнуваат брзина од 282 км/ч. Метеоролозите предупредуваат дека ова би можела да биде најмоќната бура што некогаш го погодила карипскиот остров, а жителите на Јамајка и Куба се подготвуваат за директен удар, објави Ројтерс. Се очекува да помине над Јамајка, а потоа да продолжи кон исток кон …
Continue Reading
Шанса за Центар со критика за Герасимовски: Одлучен е во изборната кампања до последна трошка да ги исцеди општинските ресурси
Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ го искритикува актуелниот градоначалник на Општина Центар и кандидат за втор мандат од СДСМ, Горан Герасимовски по повикот до центарци денес да присуствуваат на првиот буџетски форум за 2026 година. „Овој градоначалник е одлучен во изборната кампања до последна трошка да ги исцеди и општинските ресурси и самата општина како јавна институција во своја лична …
Continue Reading
Роџерс си замина од Селтик
Брендан Роџерс, поднесе оставка од функцијата менаџер на Селтик. Роџерс си замина од функцијата откако се скара со мнозинскиот сопственик на клубот, Дермот Дезмонд, кој го обвини дека се однесува „себично“. Неговото место привремено ќе го заземе поранешниот менаџер Мартин О’Нил. Веќе некое време се шпекулираше за неговата иднина поради лошиот почеток на сезоната, а по поразот од Хартс минатиот …
Continue Reading
30 октомври: Kонцерт „Филип Динев СК404“
Во рамките на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 30 октомври 2025 година (четврток), со почеток во 20:00 часот, во Народниот театар- Гевгелија, ќе се одржи авторски концерт на м-р Филип Динев- „СК404“. Познатиот македонски гитарист и композитор, Филип Динев, ќе ѝ се претстави на својата родна публика во Гевгелија со оригинални композиции создадени во негов препознатлив …
Continue Reading
Илон Маск ја лансира „Грокипедија“
Илон Маск и неговата компанија xAI ја лансираа „Грокипедија“, најавувајќи ја на почетокот на октомври како конкурент на онлајн енциклопедијата „Википедија“, која е креирана и уредувана од волонтери и која некои американски републиканци ја обвинија за политичка пристрасност и, заедно со Маск, тврдат дека е „премногу левичарска“. Името „Грокипедија“ доаѓа од четботот Groka на xAI, за кој Маск тврди дека …
Continue Reading