(Видео) Мал авион се урна во Кенија: „Се плашиме дека загинаа 12 лица“


Screenshot-2025-10-28-104312.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мал авион се урна рано утрово во крајбрежниот регион Квале во Кенија додека леташе кон Националниот резерват Масаи Мара. Се стравува дека сите 12 лица во авионот се мртви, потврдија официјални лица, пренесува АП.


Властите соопштија дека несреќата се случила во ридско и шумско подрачје на околу 40 километри од аеродромот Диани.

Стивен Оринде, комесар на округот Квале, изјави за АП дека операциите на местото на несреќата се во тек и дека повеќе детали ќе бидат објавени подоцна.

Кениската управа за цивилно воздухопловство соопшти дека во авионот имало 12 лица и дека властите ја истражуваат причината за несреќата.

Националниот резерват Масаи Мара, кон кој се упатил авионот, е популарна туристичка дестинација, позната низ целиот свет по годишната миграција на гнуа од Серенгети во соседна Танзанија.

фото: принтскрин

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK