Поради сериозен дефект, МТВ не емитуваше три дневници: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската Радиотелевизија информира дека поради сериозен технички проблем вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17.00, во 19.30 и во 22.30 часот. Од таму велат дека се врши проверка дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем, поради постоечките сомнежи за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија. Од МРТВ наведуваат дека во …

Continue Reading

Мерц предлага заем од 140 милијарди евра за Украина, обезбеден со рускиот замрзнат имот

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, најави дека на претстојниот самит на ЕУ ќе предложи Украина да добие заем од 140 милијарди евра, гарантиран со замрзнатиот имот на Руската централна банка. Средствата би биле наменети исклучиво за финансирање на одбраната, а Киев би ги вратил дури по добивањето репарации од Русија. Планот е усогласен со иницијативата на Урсула фон дер Лајен за …

Continue Reading

Љутков: Да изградиме индустрија што ќе создава игри со македонски печат и глобален потенцијал

Денес во Скопје беше отворена првата конференција за развој на видеоигри во Македонија „Game Dev Rev 2025“, во организација на Асоцијацијата на македонската индустрија за видеоигри (MGI). Со своето обраќање пред присутните, министерот за култура и туризам Зоран Љутков нагласи дека оваа конференција не претставува само промоција на видеоигри, туку е симбол на креативноста, младинската енергија и новата културно-економска реалност …

Continue Reading

На 25-годишна возраст една од најдобрите пливачки замина во пензија

Една од најдобрите пливачки на денешницата, Австралијката Аријарне Титмус, изненадувачки објави дека ја завршува кариерата. 25-годишната Титмус освои осум олимписки медали, од кои четири златни, три сребрени и еден бронзен. Исто така таа е четирикратна светска шампионка. Најголемиот успех го постигна во дисциплината 400 метри слободен стил, дисциплина во која е двократна олимписка и светска шампионка, а освои и медали …

Continue Reading

(Видео) Шукова: Скопје мора да стане град на луѓето, не на автомобилите

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на денешната прес-конференција ја претстави својата визија за урбаниот развој на главниот град, истакнувајќи дека таа се темели на принципите на одржливост, рамномерност и хуманост. „Мојата визија за Скопје се гради на инклузивен раст, отпорна инфраструктура, достапни јавни простори и ефикасен транспорт. Новиот Генерален урбанистички план ќе се темели токму на овие …

Continue Reading

Уапсен 18-годишен скопјанец, при претрес во домот пронајдена дрога

Полицијата вчера вечер, на подрачјето на општина Аеродром, го уапси Х.В.(18) од Скопје. Според информациите на МВР, при претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприц исполнет со течност. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток на судскиот процес, секојдневните блокади ќе бидат привремено прекинати, но маршевите ќе продолжат секоја сабота – како симбол на нивната упорност и борба за вистината. Претходно беше соопштено дека главната расправа за предметот е закажана за 19 ноември 2025 година. …

Continue Reading

Официјалната истрага покажа дека подморницата „Титан“ имплодирала поради лоша конструкција

Американска истражна агенција утврди дека подморницата „Титан“ на компанијата „Оушенгејт“, која имплодираше за време на нуркањето кај олупината на бродот „Титаник“ во јуни 2023 година, беше уништена поради низа сериозни недостатоци во дизајнот и тестирањето, објави Би-би-си. Во несреќата загинаа сите пет лица на бродот, вклучувајќи го и директорот на „Оушенгејт“, Стоктон Раш. Според извештајот на Националниот одбор за безбедност …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова: Фестивалот „Игор Маџиров“ уште еднаш ја покажа и докажа театарската моќ да допре до сите генерации

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на свеченото отворање на четвртото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, којшто под слоганот „Сцена за сечиј сон“, и годинава се одржува под нејзино покровителство. За неа, фестивалот, иако е насочен кон најпрефинетата и најпробирливата целна група- најмладите, со оригиналниот и искрен пристап ги заведува, радува и восхитува не само нив, …

Continue Reading