(Видео) Италијанец се преправал дека е слеп 50 години, ја измамил државата за повеќе од еден милион евра
76-годишен маж од областа Виченца во Италија се преправал дека е целосно слеп повеќе од 50 години за да добие надомест за инвалидитет, измамувајќи ја државата за повеќе од еден милион евра. Измамата е откриена кога финансиската полиција го снимила како извршува секојдневни задачи без никакви проблеми, како што се градинарство и пазарување на пазарот, објавува „Кориере дел Венето“. На …
Continue Reading
Царина и Централен регистар договорија е-размена на податоци за царински долг – хартиените потврди наскоро заминуваат во историјата
Царинската управа и Централниот регистар договорија дигитална размена на податоци за царински долг, со што хартиените потврди кои се потребни за упис и промени на правниот субјект наскоро стануваат минато. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на Централен регистар, Анита Стамнова, денеска официјално го потпишаа Договорот за соработка и размена на документи во електронска форма. „Намалувањето на бирократските …
Continue Reading
Наградена со Стериина награда, славена во Белград – претставата „Народен пратеник“ на МНТ сега патува за Брчко
Со претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, Македонскиот народен театар ќе настапи на претстојните 42. Интернационални театарски средби „Брчко Дистрикт“ во Босна и Херцеговина. Фестивалската програма се одржува од 16 до 24 октомври, а МНТ ќе настапи на втората фестивалска вечер, утревечер, на 17 октомври. Фестивалот „Брчко Дистрикт“, со речиси половина век традиција, важи за …
Continue Reading
Зеленски: Русија ја таргетираше енергетската инфраструктура со 300 дронови и 37 ракети
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека Русија употребила 300 беспилотни летала и 37 ракети за напад врз украинската инфраструктура во текот на ноќта. „Оваа есен, Русите го користат секој ден за да ја таргетираат нашата енергетска инфраструктура“, напиша тој на Икс. Украинската приватна енергетска компанија ДТЕК претходно соопшти дека постројка за производство на гас во регионот Полтава е затворена …
Continue Reading
„Сцена за сечиј сон“ – Отворен 4. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во Скопје
Под слоганот „Сцена за сечиј сон“, вчерва во Театарот за деца и младинци – Скопје свечено беше отворено 4. издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, кој ќе се одржува од 15 до 18 октомври во Скопје. Фестивалот, во организација на Театарот за деца и младинци, оваа година го става фокусот врз младите, кон тие што бараат одговори, …
Continue Reading
Индонезија му врачи отказ на Патрик Клајверт
Холандската фудбалска легенда Патрик Клајверт повеќе не е селектор на репрезентацијата на Индонезија. По серијата лоши резултати во квалификациите за Светското првенство, Индонезиската фудбалска асоцијација одлучи да ја прекине соработката со некогаш познатиот напаѓач. Клајверт ја презеде клупата на Индонезија во јануари оваа година, кога потпиша двегодишен договор. Главната цел беше да ја однесе репрезентацијата на нивното прво Светско првенство …
Continue Reading
Израел ќе го отвори главниот граничен премин Рафа
Агенцијата за воена помош на Израел, COGAT, соопшти дека се во тек подготовки со Египет за отворање на главниот граничен премин Рафа со Газа за движење на луѓето, а датумот ќе биде објавен подоцна. Израел претходно предупреди дека може да го држи Рафа затворен и да ја намали помошта за палестинската енклава, бидејќи рече дека Хамас е премногу бавен во …
Continue Reading
„Дон Кихот во Скопје“ – светска премиера на концерт, изложба на слики и промоција на книга за деца
На 21 октомври (вторник), во фоајето на Националната опера и балет во 19 часот, ќе се одржи мултимедијален настан „Дон Кихот во Скопје“. Концерт, премиера на македонско дело, изложба на уметнички слики и скулптури, како и промоција на книга, го чинат овој разновиден проект инспириран од култната приказна за славниот витез Дон Кихот на Мигел де Сервантес. Светска премиера ќе …
Continue Reading
Министерката Димитриеска-Кочоска во Вашингтон: Светската банка останува силен партнер во спроведувањето на реформите и забрзувањето на економскиот раст
Во рамки на Годишните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средба со регионалната потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, регионалната директорка за Западен Балкан, Шиаокинг Ју, извршниот директор Јуџин Ругенаат и раководителката на Канцеларијата на Светската банка за Косово и Северна Македонија, Карол Межевав. Разговорите беа насочени …
Continue Reading