EU4Green го отвора натпреварот за зелено новинарство во Западен Балкан

Новинарите од целиот Западен Балкан се поканети да учествуваат на Конкурсот за зелено новинарство, иницијатива што ги признава исклучителните новинарски извештаи за заштитата на животната средина и зелената транзиција на регионот. Целта на наградата е да се поттикне јавна дебата, да се поттикне квалитетно новинарство и да се истакне улогата на медиумите во спроведувањето на Зелената агенда за Западен Балкан. …

Continue Reading

Халкбанк со нова кредитна линија од 12 милиони евра за одржливо земјоделство

Халкбанк АД Скопје, како една од водечките банки во земјата која постојано се насочува кон поддршка на реалната економија, започнува со реализација на нова кредитна линија наменета за развој на одржливо земјоделство. Средствата во износ од 12 милиони евра се обезбедени преку Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ) и ќе бидат ставени на располагање на земјоделците и земјоделските бизниси во …

Continue Reading

(Во живо) Путин држи говор за светскиот поредок

Рускиот претседател Владимир Путин држи говор на 22-от годишен форум на Меѓународниот дебатен клуб Валдај, што се одржува во Сочи од 29 септември до 2 октомври. Се очекува тој да ги сподели своите размислувања за новиот систем на меѓународни односи. На пленарна сесија минатата година, тој ја искористи можноста да го обвини Западот за „невидена геополитичка алчност“ по завршувањето на …

Continue Reading

„Граѓаните да пријават доколку некој побара награда за службено дејствие кое е обврска да се изврши“: Тошковски во посета на Отсекот за оружје – Скопје и ОВР Гевгелија

Во рамки на денешните активности, министерот за внатрешни работи, заедно со дел од раководството на Министерството, оствари посета на Отсекот за оружје, експлозивни и опасни материи – Скопје и на ОВР Гевгелија, при што одблиску изврши увид во тековното работење. Посебно беше истакнато дека граѓаните од скопскиот регион, во споредба со останатите делови од државата, нешто подолго чекаат за издавање …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова од Копенхаген: Ако ЕУ сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави Западен Балкан во геополитички вакуум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на панел дискусијата насловена „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани”, во рамки на Седмиот состанок на Европската политичка заедница којшто се одржува во Копенхаген, Данска. Споменувајќи ги војната во Украина, конфликтот на Блискиот Исток и транснационалните закани, односно организираниот криминал, нелегалната миграција, сајбер нападите и злоупотребата на вештачката интелигенција, како предизвици за …

Continue Reading

(Фото/Видео) Украинците и Русите разменија затвореници

Украина и Русија извршија нова размена на затвореници, при што 185 украински војници и 20 цивили се вратија дома, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм. „Враќаме дома 185 наши ветерани од руско заробеништво. Сто осумдесет и три се војници и подофицери, а двајца се офицери. Тоа се војници на вооружените сили, Националната гарда и Државната гранична служба. Заедно со …

Continue Reading

30-дневен притвор за државјанин на Полска, пронајдена е дрога кај него

Вчера во 11:00 часот на улицата „Народен фронт“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 36-годишниот П.Т.С. од Полска, затоа што кај него пронајдоа и одзедоа дрога. Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по чл.215 од КЗ, а судија на …

Continue Reading

Андоновски: Дигиталните реформи се двигател на подобри услуги и помалку бирократија за граѓаните

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска изрази благодарност и гордост што Република Македонија беше домаќин на Дигиталниот самит на Западен Балкан, значаен настан кој ја позиционира државата и градот Скопје како клучен регионален центар за дигитални иновации. „Со одржувањето на овој Самит, кој свечено го отвори претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ја испраќаме јасната порака дека Македонија е подготвена …

Continue Reading

Еден скопјанец и двајца Срби уапсени за „даночно затајување“ и „недозволена трговија“

Денеска во 01:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода М.З.(49) од Скопје и М.М.(27) и Д.П.(24), двајцата од Република Србија. Претходно, на клучка Радишани, полициски службеници ги затекнале лицата како од возило комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки во товарно возило „ман“ со приколка со српски национални ознаки префрлаат кутии со …

Continue Reading