Опожарен трансформатор на ЕВН, нема повредени лица

Вчера во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во село Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија. Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.

Continue Reading

Професор Попоски: Љубовта кон татковината не се мери само со знамиња и песни на овој ден – таа се покажува секојдневно, со одговорност, чест и совест

Љубовта кон татковината не се мери само со знамиња и песни на овој ден – таа се покажува секојдневно, со одговорност, чест и совест. Македонија – таа е наша, и таква ќе остане, само ако сите ја браниме и градиме, без разлика на сè што нè дели. Да не ја предадеме иднината. Нека ни е поука, а не само празник. …

Continue Reading

Исчезна 13-годишник од Јавна установа за згрижување деца

Денеска во 00.40 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.Х.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Continue Reading

Игор Филевски: Порано, го славев и јас овој датум, но денес веќе не сум сигурен дека така требало дури и тогаш, а еве зошто

Порано, го славев и јас овој датум, но денес веќе не сум сигурен дека така требало дури и тогаш, а еве зошто: Прво и основно, затоа што вистинската историја за 8 Септември, сите ја буткаме “под тепих” и најчесто не сакаме да се соочиме со неа, со тој датум, кога не бевме единствени и кога голем дел од тие што …

Continue Reading

Насилство во Ѓорче Петров: 40-годишник ги истепал вонбрачната партнерка и нејзината малолетна ќерка

Вчера во 21:15 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена од Скопје пријави дека на 06.09.2025 околу 17:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, таа и малолетната ќерка биле физички нападнати од нејзиниот вонбрачен партнер В.М.(40). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Насилно ограбен скопјанец во Аеродром

Вчера во 14:35 часот во СВР Скопје, 73-годишниот З.А. од Скопје пријави дека околу 12:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Пожар во Скопско: изгореа помошни простории од викенд куќа

Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај село Раштак и кај село Страчинци, скопско, настанал пожар и горела сува трева и нискостеблеста шума. Пожарот зафатил помошна просторија од викенд куќа, пет помошни простории за чување живина, разновиден алат и друго, сопственост на Н.М.(51) од Скопје. Повредени лица нема. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје …

Continue Reading

Двајца повредени во судир меѓу трактор и „мерцедес“ на регионалниот пат Штип – Плачковица

Вчера во 19:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Штип – Плачковица, во атар на село Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 539“ со приколка, без регистарски ознаки, управуван од Ј.М.(59) од село Кучица, општина Карбинци и патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(73) од село Аргулица, општина Карбинци. Во несреќата …

Continue Reading

Двајца струмичани отишле во Грција на риболов па биле недостапни на телефон, случајот во полиција го пријавила сопругата

Вчера околу 09:00 часот во СВР Струмица 43-годишната Т.Р. од Струмица пријавила дека на 06.09.2025 нејзиниот сопруг А.Р.(40) заедно со неговиот сосед С.А.(63) отишле во Грција на спортски риболов и потоа биле недостапни на мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading