9-10 септември: Одржување на 4. по ред Меморијален турнир во кошарка „Боби Петковски“

Во чест на гевгелиската спортска легенда Боби Петковски, во периодот од 9 до 10 септември 2025 година, во спортската сала „26 Април“- Гевгелија, ќе се одржи 4. по ред Меморијален турнир во кошарка „Боби Петковски“. Оваа година, Турнирот ќе се одржи во сосема ново издание- наместо младински репрезентации, на теренот ќе настапат првите тимови на „КК Кожув“- Гевгелија, КК „Работнички“- …

Continue Reading

Муртезани на панел за улогата на Албанците во регионалната соработка и европската интеграција

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествуваше на Амбасадорската конференција #Diplo2025, што денес и утре се одржува во Тирана, Албанија. Министерот Муртезани беше говорник на панелот на тема „Албанците во регионот – заеднички идентитет, заедничка европска цел“, во рамки на првиот ден од Конференцијата. Во своето обраќање, министерот Муртезани нагласи дека патот кон Европската Унија за земјите од Западен …

Continue Reading

(Фото) Дојде и тој ден: конечно ги покри градите

Се чини дека популарната актерка повторно е во центарот на вниманието поради својата облека, но ова не се очекуваше. По Венецискиот филмски фестивал, на ред дојде и Филмскиот фестивал во Торонто. Веќе имавме можност да ја видиме гламурозната креација на Сидни Свини, а сега се чини дека популарната актерка повторно е во центарот на вниманието, и повторно поради нејзината облека. …

Continue Reading

34 години независна Македонија- Гевгелија во знакот на празникот со цвеќе и знамиња

Со положување свежо цвеќе пред Спомен-костурницата на паднатите борци од НОБ во Гевгелија, денеска беше одбележана 34-годишнината од независноста и сувереноста на Република Македонија. Делегација предводена од градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, заедно со делегации на Советот на Општината, јавните институции, политичките партии, како и на Здружението на борци и нивните продолжувачи, им оддадоа почит на загинатите херои кои …

Continue Reading

Орце Ѓоргиевски: „EXIT“ доаѓа во Скопје!

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓоргиевски, информира дека е постигнат договор со основачот на „EXIT“ фестивалот, Душан Ковачевиќ, од следната година Скопје да биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации. „Убеден сум дека бренд како „EXIT“ значително ќе го зголеми квалитетот на забавниот живот и културната понуда на Скопје и Македонија. Тоа ќе ја стави нашата …

Continue Reading

Мицкоски: Оние кои го променија името на државата, нудат предлог за црвени линии- Нашиот приоритет се европските интеграции

„Втората работа што морам да ја прокоментирам е некаков предлог за црвени линии, за прашањето со нашиот источен сосед. Со радост го чекам тој предлог да видам каков ќе биде, во исчекување сум, со нетрпение го чекам – од истите тие кои прифатија декларација за непромена на името, па потоа го сменија, од оние кои викаа дека нема ултиматуми, па …

Continue Reading

(Фото) Македонија со богата програма го одбележа Денот на независноста на ЕКСПО Осака 2025

Во рамките на еден од најголемите светски настани – ЕКСПО Осака 2025, Република Северна Македонија со специјална програма го одбележа 8 Септември – Денот на независноста. Настанот се одржа пред бројна меѓународна публика и понуди автентично претставување на нашата култура, традиција и современо уметничко творештво. Во културно-уметничкиот дел настапија реномираните оперски уметници Ана и Игор Дурловски, придружувани од камерниот оркестар …

Continue Reading

(Фото) Вечерва завршува AERO Street Food Festival

По три дена исполнети со рекордна посетеност, одлична атмосфера и незаборавни гастрономски искуства, денеска во парк „Авионче“ – Општина Аеродром ќе се одржи последниот ден од првото издание на AERO Street Food Festival. Во изминатите три дена, илјадници посетители уживаа во специјалитети од најпознатите брендови за улична храна, во музички настапи и забавни предизвици кои го раздвижија Скопје. Фестивалот се …

Continue Reading

Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана

Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading