Зет со тврд предмет го нападнал семејството на невестата во Аеродром
Семејна кавга во Аеродром заврши со физички напад. На 4 септември во вечерните часови, 23-годишен маж од скопско село, кој е во постапка на развод со својата сопруга ги нападнал нејзиниот 70-годишнен татко и братот во семејниот дом. Нападот, според пријавата, бил извршен со употреба на тврд предмет.
Continue Reading
Тројца скопјани се степале на паркинг по конфликт во сообраќајот
Насилство во Ѓорче Петров е регистрирано во полицискиот билтен. Имено, приведени се тројца скопјани, И.К.(55), М.И.(40) и С.А.(30), сите од Скопје, откако се степале на паркинг простор во текот на вчерашниот ден. На тепачката претходело недоразбирање во сообраќајот. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Continue Reading
Кривична пријава за кумановка за демнење, следела и фотографирала друго лице
Полицијата поднесе кривична пријава против жена од Куманово за демнење. Според информациите на МВР, СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.В.(53) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. На 22.06.2025 во СВР Куманово било пријавено дека пријавената следела и вознемирувала лице од Куманово со фотографирање и испраќање фотографии и пораки на мобилниот телефон на друго лице.
Continue Reading
Поранешниот директор на Онкологија не се чувствува виновен – продолжи судењето против Васев и тројцата онколози
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, кој заедно со тројца други онколози е обвинет за несовесно лекување на пациенти, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека не се чувствува виновен. Вината, денес пред судот, ја отфрлија и обвинетите, Драган Јакимовски и Симонида Црвенкова, кои истакнаа дека својата кариера ја посветиле на лекување на пациентите. Докторката Мери Пешевска, …
Continue Reading
(Видео) Кирков бара да се затвори Зоолошката во Скопје поради можна епидемија на туберколоза
Пред три дена во Скопје ЗОО почина младо мајмунче од видот Гибон за кој според нашите сознанија по извршениот паталошкиот наод се појавува повторно оваа инфекција туберколоза од истиот тип како и кај ламите кои починаа пред месец и половина, изјави Стефан Кирков, советник во Советот на Град Скопје. „Пред скоро месец и половина починаа три лами од една ноазна …
Continue Reading
(Видео) Шукова вели дека има решение за Вардариште
Дивата депонија Вардардиште пак гори и ги труе скопјани. Еколошка бомба, закана за над 150.000 граѓани од Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода но и за цело Скопје. Четири години неспособната локална власт на ДПМНЕ не успева да реши една дива депонија што шири зараза и смрт. Ова е врв на неработење, негрижа и криминална рамнодушност, изјави Каја Шукова, кандидатка за …
Continue Reading
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, …
Continue Reading
Идентификувани лицата кои насилно сакаа да му ја соблечат маицата со глава на орел на едно лице во Битола
Полицијата ги идентификува лицата кои насилно се обидоа да му ја соблечат маицата со глава на орел на едно лице од Шведска во Битола. По преземени мерки и активности, СВР Битола го расчисти настанот со насилно одземање маица на лице од Шведска, со престој во Дебар, ги идентификуваше сторителите и изврши службени разговори со нив во полициска станица. Имено, по …
Continue Reading
„Луѓето од Binance“ – нова серија со вистински приказни за јакнење на крипто индустријата низ светот
Binance, најголемата светска платформа за криптовалути според обемот на тргување и корисници, го објави лансирањето на возбудливата нова серија „Луѓето од Binance“. Оваа глобална кампања прикажува автентични приказни за поединци чии животи се позитивно трансформирани од крипто и екосистемот на Binance, илустрирајќи го влијанието на блокчејн технологијата во реалниот свет. Од пензионери кои учат нови вештини до родители кои се …
Continue Reading