Идентификувани лицата кои насилно сакаа да му ја соблечат маицата со глава на орел на едно лице во Битола


sirok-sokak-bitola-87684-800x531.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата ги идентификува лицата кои насилно се обидоа да му ја соблечат маицата со глава на орел на едно лице од Шведска во Битола.


По преземени мерки и активности, СВР Битола го расчисти настанот со насилно одземање маица на лице од Шведска, со престој во Дебар, ги идентификуваше сторителите и изврши службени разговори со нив во полициска станица. Имено, по преземени мерки, полициските службеници ги идентификуваа сторителите, четворица 17-годишници и еден 14-годишник, сите од Битола. Со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, а во службен разговор во полициска станица го признале делото.

Имено, на 28.08.2025 во 19:50 часот во СВР Битола, С.Х.Д.(32) од Шведска, со престој во Дебар, пријавил дека на улица „Широк сокак” во Битола, лицата му пристапиле и сакале да му ја соблечат маицата, која ја носел, а на која што имало исцртанo глава на орел од предната и задната страна. Според пријавеното, тој ја соблекол и им ја дал маицата откако увидел дека не може да се одбрани.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 319 од Кривичниот законик – „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK