Медисон ја пропушта целата сезона?

Лоши вести за Тотенхем. Повредата на Џејмс Медисон е сериозна и тој ќе биде надвор од терените долго време. Креативниот играч од средниот ред се повреди на пријателскиот натпревар против Њукасл (1:1) во Јужна Кореја. Во прашање се вкрстените лигаменти на десното колено. Според првите информации, тој сигурно ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната, а можеби и целата сезона. …

Continue Reading

Од студенти до луѓе што бараат дополнителна работа: Како доставувачите на Wolt ги балансираат пријателствата и дополнителната заработувачка

Во брзиот ритам на Скопје, сè повеќе луѓе бараат начини да најдат баланс помеѓу стабилна заработувачка и флексибилен распоред. За Андреј В., хонорарен партнер доставувач на Wolt, токму таа комбинација претставува формула за успех и лична исполнетост.   „Со Wolt се запознав преку пријатели кои веќе работеа за компанијата надвор од Македонија. Споделија одлични искуства, од добра заработувачка до стабилност …

Continue Reading

Забрана за движење во шумите до крајот на август, за прекршителите казна до 2.000 евра: Владата ја продолжи кризната состојба од 30 дена

На владината седница е донесена одлука за продолжување на кризната состојба во рок од 30 дена. Со ова продолжување, како што е појаснето во владиното соопштение, се обезбедува навремена помош за сите засегнати подрачја, односно сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички остануваат мобилизирани, сè со цел да се справат со пожарите и заштита на населението од огнените стихии. „Имено, …

Continue Reading

Трговците да ги намалат цените на училишниот прибор пред почетокот на школската година, одлучи Владата

Владата на 100 седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10% во трговија на големо и најмалку 15% во трговија на мало, ова со цел како што велат, спречување на растот на цените на училишниот прибор пред почетокот на учебната 2025/2026 година и заштита на животниот стандард на граѓаните, како дел …

Continue Reading

Неовластено навлегла во електронскиот систем на банката и со туѓа картичка од банкомат подигнала пари

СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.Т.(41) од Македонска Каменица. Таа се сомничи за сторено продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Во периодот од 09.06.2025 до 30.06.2025, пријавената во шест наврати неовластено навлегла во електронски систем на банка и со картичка на лице од село во општина Зрновци, од банкомат во истото село подигнала вкупно 52.000 …

Continue Reading

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Градско: со возилото излетале од патот

Вчера околу 14:35 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Ќ.С.(60) од Делчево, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата 57-годишна сопатничка С.С. од Делчево. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на …

Continue Reading

Народната банка со нова иницијатива: проширување на услугите што ќе можат да се користат преку платежната сметка со основни функции

Гувернерот Трајко Славески истакна дека иницијативата на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги веќе ги даде првите резултати и изрази задоволство од одлуките на банките за намалување на трошоците. Славески, на денешната конференција за печатот, најави дека Народната банка ќе покрене иницијатива и за измени на сегашното законско решение за платежната сметка со основни функции, …

Continue Reading

Најскапиот играч во историјата на Сити ќе го напушти клубот

Најскапото засилување во историјата на Манчестер сити, играчот од средниот ред Џек Грилиш (29), би можел да ја оживее својата кариера во Евертон, објавија британските медиуми. Тренерот на Евертон, Дејвид Мојес, многу го почитува Грилиш и би сакал да го има во своите редови. Евертон, кој оваа година се пресели на нов стадион вреден 900 милиони евра, би сакал да …

Continue Reading

(Видео) Стојановски: Дојранското Езеро пресушува, хидросистемот Ѓавато не функционира

Дојранското Езеро, едно од нашите најзначајни природни богатства, заштитено подрачје и туристичко место е под сериозна и реална закана поради катастрофалната негрижа на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ. Алармантна е состојбата со хидросистемот Ѓавато. Речиси четири месеци водата не тече низ каналот, систем изграден за да го одржува водостојот на Езерото и да спречи негова деградација, вели Љупчо Стојановски …

Continue Reading