Откриена причината за смртта на Халк Хоган
Page Six ексклузивно ја откри официјалната причина за смртта на Халк Хоган. Легендарниот професионален борач починал од акутен миокарден инфаркт, познат и како срцев удар. Документите, исто така, открија дека Хоган тајно се борел со леукемија, состојба која досега не била јавно позната. Според Канцеларијата на медицинскиот испитувач на округот Пинелас, срцевиот удар бил предизвикан од ненадејно блокирање на протокот …
Continue Reading
Девонте Греем е новиот играч на Црвена Ѕвезда
Американскиот кошаркар Девонте Греем е новиот играч на Црвена Ѕвезда од Белград, објави белградскиот клуб. Како што беше најавено, Греем (30) потпиша едногодишен договор со Црвена Ѕвезда. „КК Црвена Ѕвезда од Белград ја информира јавноста дека новиот играч на нашиот клуб е Девонте Греем. Американскиот комбиниран бек потпиша договор со нашиот клуб во петокот и ќе претставува огромен поттик за …
Continue Reading
AI Tech Summit 2025: Скопје повторно ќе биде епицентар на вештачката интелигенција
Скопје повторно е на мапата на иновациите: AI Tech Summit 2025 со посвета на визионерот Филип Аврамчев. Од 30. септември до 1. октомври, Скопје по трет пат ке биде домаќин на водечкиот регионален настан посветен на вештачката интелигенција – AI Tech Summit 2025. Вештачката интелигенција одамна не е само концепт и визија. Интегрирана е во секој аспект од нашите животи, …
Continue Reading
Меџити во Чаир, Касами во Тетово, Бакиу во Скопје – ВЛЕН ги објави кандидатите за градоначалници
Централното претседателство на ВЛЕН ги избра кандидатите за претстојните локални избори. Во Тетово за нов мандат ќе се бори актуелниот градоначалник, Билал Касами. Во Чаир, ќе се кандидира првиот вицепремиер, Изет Меџити, а во Струга, ВЛЕН го поддржува независниот кандидат Менди Ќира. Во Кичево ќе го кандидира министерот за Социјална политика, Фатмир Лимани, во Дебар кандидат на ВЛЕН ќе биде …
Continue Reading
Додик шест години не смее да врши јавна функција: бара помош од Трамп, Орбан и руската амбасада се на негова страна
Судот на Босна и Херцеговина соопшти дека претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик нема да може да извршува никаква јавна функција шест години, не само претседателската, според пресудата. Лидерот на српскиот ентитет во Босна и Херцеговина е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради неспроведување на одлуките на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит, пресуда …
Continue Reading
Ѓоковиќ станува ко-сопственик на фудбалски клуб
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде еден од инвеститорите во фудбалскиот клуб Ле Ман. Претставници на клубот одржаа конференција во петокот за да ги претстават новите финансиски партнери. Станува збор за бразилскиот инвестициски фонд „Аутфилд“, кој ќе има малцински удел, а во проектот се вклучени, меѓу другите, Новак Ѓоковиќ, како и возачите на Формула 1 Кевин Магнусен и Фелипе Маса. …
Continue Reading
Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез е околу 45 минути додека на ГП Богородица времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема …
Continue Reading
Браќа од Струшко нападнале семејство во возило во кое имало и деца, ја удирале жената со боксови и клоци
Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против две лица за кривично дело – Насилство. Двајцата браќа, по потекло од струшко, а со привремено живеалиште во Швајцарија, на 30 јули на локалниот пат меѓу селата Горно Татеши и Добовјани, со автомобил со швајцарски регистарски ознаки го попречиле патот на струшко комбе во кое се превезувало семејство – маж, жена и две …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова ќе учествува на централната прослава на 2 Август во Крушево
Под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре, 2 август, на „Мечкин Камен“ во Крушево ќе се одржи централната прослава на Денот на Републиката. Чествувањето на Илинден ќе започне со положување свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, потоа на споменикот на хероите на месноста „Слива“, а ќе продолжи со панихида во храмот „Св. Никола“. Сиљановска-Давкова ќе положи цвеќе и на …
Continue Reading