Стејт департментот одобри продажба на оружје во вредност од 322 милиони долари на Украина

Американскиот Стејт департмент соопшти дека одобрил предлог за продажба на оружје во вредност од 322 милиони долари на Украина за подобрување на нејзините капацитети за воздушна одбрана и обезбедување оклопни борбени возила на Киев. Потенцијалната продажба, за која Стејт департментот го извести Конгресот, вклучува 150 милиони долари за снабдување, одржување, поправка и ремонт на американски оклопни возила, како и 172 …

Continue Reading

Лапорта: Преговараме со „НБА Европа“

Првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта, откри дека НБА е во напредна фаза на преговори со клубовите во врска со формирањето на нова кошаркарска лига во Европа, како и дека постојат неколку начини за спроведување на овој проект. „НБА сака да го воспостави своето присуство во Европа, а доколку тоа се случи, прашањето за арените и „Палау Блауграна“ мора да …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

19-годишник од Струшко бил агресивен кон полицијата: го затекнале како управува мотоцикл со невалидни документи

Утрово во 00.30 часот, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта од слобода го лишија М.М.(19) од струшкото село Подгорци. Тој според полицијата се однесувал агресивно кон полицијата откако при контрола го затекнале како управува моторцикл со измината важност на сообраќајните документи. Според полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Африм Гаши излезе од болница

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по два дена, е отпуштен од болница во добра и стабилна состојба, информира Собранието. „Во врска со загриженоста за здравствената состојба на претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, ја информираме јавноста дека по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и по спроведувањето на сите потребни медицински прегледи, здравствената состојба на претседателот е …

Continue Reading

55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското езеро

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело  на машко лице. Од преземените мерки и извршениот увид, било констатирано дека се работи за И.Д.(55) од Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на …

Continue Reading

Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно

Функцијата ја вршам чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, одговори јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, во врска со интерпелацијата што ја поднесоа шест пратеници од политичката партија Левица – Димитар Апасиев, Борислав Крмов, Реџеп Исмаил, Јована Мојсоска, Амар Мециновиќ и Сашко Јанчев. Според Коцевски, подносителите без никаков аргумент бараат негова одговорност и вели дека оваа интерпелација е …

Continue Reading

Ново партнерство за едукација, еднаквост и инклузија – GEA и M6 Едукативниот Центар ги здружуваат силите

Во насока на унапредување на родовата еднаквост во професионалниот и едукативниот свет, Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA и M6 Едукативниот Центар официјално го започнаа своето партнерство преку потпишување на Меморандум за соработка. Ова партнерство беше формализирано со цел заедничко креирање и имплементација на образовни активности, работилници, програми за менторство, заедничко аплицирање на проекти и размена на …

Continue Reading

Нејмар во изненадувачки трансфер се враќа во Европа?

Нејмар (33) би можел да се врати во европскиот фудбал. Сериозен интерес за него покажува Олимпик Марсеј, пишуваат неколку извори. Бразилскиот напаѓач, кој моментално игра за Сантос, наводно размислува за враќање во Европа за да може да влезе во вистинска форма и да му се наметне на селекторот Карло Анчелоти во пресрет на Светско првенство. Францускиот клуб веќе започна преговори. …

Continue Reading

(Видео) Тренчевска: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени

Власта спроведува историска имама на пензионерите. Со последната одлука за зголемување од само за 1.000 денари, пензионерите се оштетени не еднаш, туку двапати – во септември 2025, и уште еднаш во март 2026, истакна Јована Тренчевска од СДСМ. Со вакво линеарно зголемување од 1.000 денари, Владата, додава таа, го укинува правичното законско усогласување, со што пензиите ќе се зголемат многу …

Continue Reading