Американските лекари предупредуваат: Четворица починати на Флорида од бактерија што „јаде месо“
Редок тип бактерија која предизвикува некроза на ткивото (позната како „бактерија што јаде месо“) усмртила најмалку четири лица на Флорида оваа година, соопштија здравствените власти на оваа американска сојузна држава. Во изминатите неколку месеци се пријавени најмалку 11 случаи на инфекција со бактеријата Vibrio vulnificus во округите Беј, Брауард, Хилсборо и Сент Џонс – области во централна Флорида, популарни кај …
Continue Reading
Од плажа на брегот на Охридското езеро во болница е донесен починат маж од Босна и Херцеговина: телото е дадено на обдукција
Вчера во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни заболувања Св.Стефан“ бил донесен починат М.С.(65) од Босна и Херцеговина. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Continue Reading
Сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, сообраќајот се пренасочува
Денеска во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот Белви, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски таблички, управувано од 54-годишниот С.Д., патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблички, управувано од 31-годишниот Д.Р. и патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано …
Continue Reading
„Ова што и се случува на Македонија е резултат на домашните предавници кои исполнуваат туѓи агенди, меѓу кои и Жерновски“, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„Се здружија сите домашни предавници, штом Бугарија доживеа тежок пораз во АФЕТ! Од плакарот на тајните служби прво го извадија Апасиев. Не им успеа! Па следуваше новата наредба од темните ходници во Софија: Жерновски да биде полигонот преку кој ќе ја започнат новата тура на лаги против премиерот и Македонија“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Андреј Жерновски. „Жерновски, внукот …
Continue Reading
В недела почнува манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца
Од 20 до 28 јули, годинава по 14 пат во Трпејца ќе се одржи културно – забавната манифестација „На зајдисонце“. Организаторот Здржението „За Трпејца со љубов“, ветува интересна програма за туристите и домаќините. На денот на отворањето во недела од 20.30 часот по поздравниот говор на претставник на општина Охрид под чие покровителство се одржува манифестацијата, Фото клубот „Охрид“ ќе …
Continue Reading
Ако ги затворите легалните игри на среќа, ќе се игра по подруми – АСОМ со писмо до политичарите
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) ги повика политичките претставници да не го затвораат легалниот сектор на игри на среќа, предупредувајќи дека тоа ќе доведе до раст на криминалот и нелегалното обложување. Од асоцијацијата посочуваат дека индустријата е строго регулирана, вработува над 10.000 луѓе и редовно плаќа даноци, и ја осудуваат негативната реторика која го оцрнува бизнисот, а за …
Continue Reading
75-годишен пензионер од Охрид возел над 120 километри на час на место каде е дозволено 50
Полицијата на регионалниот пат Царев двор – Макази, кај местото наречено „Ипоз Преспа“, го приведе 75-годишниот Д.Џ. од Охрид. При редовна контрола со радар, полицајците забележале дека тој возел „ауди“ со брзина од 126 километри на час, иако на тоа место ограничувањето било само 50. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
Continue Reading
Уапсени две 17-годишни момчиња од Прилеп, биле фатени при кражба во црква
Денеска во 04.35 часот на улицата „Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца 17-годишни малолетници од Прилеп. Тие биле затекнати како од метално сандаче за доброволен прилог од црква вршат кражба. Тие се приведени во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Со Халки, создадете мали навики за исполнување на големи соништа
Кога е вистинското време да ги научиме децата да се однесуваат одговорно со парите? Одговорот е веднаш штом почнат да разбираат што значи „вредност“. Навиките што ги градиме во раното детство, остануваат со нас засекогаш, а финансиската писменост не е исклучок. Многу родители се прашуваат како да започнат со оваа тема, дали е доволно само да им се зборува за …
Continue Reading