Обвинето едно лице за насилство врз градоначалничката на Скопје
По целосно испитување на настанот, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 11 јули, на улицата „Севастополска“ во Скопје, обвинетиот извршил грубо насилство врз градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, со кое предизвикал телесна повреда кај оштетената и чувство …
Continue Reading
Пуштен во употреба теренот на фудбалскиот стадион во Илинден
Со одигрување фудбалски натпревар беше пуштен во употреба теренот на фудбалскиот стадион во општина Илинден. Капитална инвестиција што ја реализираше Општина Илинден во соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Овој проект претставува едно од најзначајните инфраструктурни вложувања во спортот на локално ниво и е симбол на континуираниот развој на општината. Стадионот е изграден согласно сите современи стандарди за одржување …
Continue Reading
Љутков од министерскиот форум во Рим: Културното наследство да стане двигател на одржлив туризам
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, учествува на првиот министерски форум „Поврзување на дестинациите: Италија – Балкан туристички форум“ („Bridging Destinations: Italy – The Balkans Tourism Forum“), што денеска се одржува во Рим, Италија. На форумот, на кој учествуваат министри за туризам од Албанија, Србија, Хрватска, Бугарија, Грција, Црна Гора и од Македонија, како и претставници на бизнис секторот …
Continue Reading
Французите отворија истрага против Мбапе за наводни лажни плаќања
Француското јавно обвинителство почна истрага за потенцијално сомнителни плаќања извршени од францускиот напаѓач и играч на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, до пет полицајци одговорни за безбедноста на француската фудбалска репрезентација. Истрагата беше започната по дојава од единицата за борба против перење пари, која пријави необични финансиски трансакции во корист на пет полицајци, пренесoa француските медиуми. „Истрагата е во тек. Поради …
Continue Reading
(Видео) „Треба ли да станеме јужноамериканско гето за Тошковски да поднесе оставка“, прашува Кузеска
„Се случува вистински хорор со безбедносната состојба. Бараме итно расчистување на случајот, но очигледно е дека Тошковски целосно ја изгуби контролата над безбедносната состојба во државата. Ова што се случува веќе е крајно загрижувачки, сведоци сме на секојдневно пукање, палење возила, напади на службени лица“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „Криминалот и бандите се чувствуваат заштитено и безбедно со …
Continue Reading
Продолжен рокот за пријавување на Јавниот повик за работно ангажирање на 25 невработени лица за заштита и превенција од пожари и пошумување
Општина Гевгелија ги информира сите заинтересирани дека рокот за пријавување на Јавниот повик за работно ангажирање на 25 невработени лица за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) е продолжен до 23 јули 2025 година (среда). Јавниот повик се реализира согласно мерката 6.2 од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување …
Continue Reading
Мицкоски понудил заедничка резолуција со Бугарија за потврда на самобитноста на македонскиот јазик и идентитетот
Со оглед на тоа што Бугарија тврди дека проблемот за отпочнувањето на преговорите со ЕУ, се само Бугарите во Уставот, македонската страна предлага да биде поднесена заедничка Резолуција во ЕП со којашто ќе се потврди самобитноста на македонскиот идентитет и јазик. Понудата ја дал премиерот, Христијан Мицкоски, до бугарскиот претседател Румен Радев и до нивната влада. Пратеникот Антонијо Милошоски, говорејќи на …
Continue Reading
(Видео) Американците шокирани од изгледот на братот на Јокиќ: „Ова е она што Маркиф Морис го гледа во своите кошмари“
Страхиња Јокиќ реши да го поддржи Денвер дури и кога неговиот брат Никола е во далечната Кина, а тој момент привлече огромно внимание и предизвика лавина од урнебесни коментари. Страхиња се појави на натпреварот Денвер – Лос Анџелес Клиперс (81:76) и реши да седне веднаш зад клупата на „Нагетсите“ и да ја гледа првата победа на клубот во Летната НБА …
Continue Reading
Болницата „Козле“ се’ уште без вода – пациентите времено згрижени на други клиники
Поради прекинот во водоснабдувањето на Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле, пациентите кои имаат потреба од хоспитализација времено ќе бидат згрижени на Универзитетската клиника за детски болести и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Во објектот во Козле ќе продолжат со работа дневната болница и амбулантските прегледи. Министерството за здравство информира дека ваквата мерка е …
Continue Reading