Песков: Крајот на специјалната воена операција во Украина ќе биде поблизок доколку пристигнува помалку оружје од Западот
Крајот на војната во Украина ќе зависи од количината на западно оружје што ќе го добие Киев, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател, додавајќи дека Русија внимателно ја следи ситуацијата во врска со снабдувањето со оружје на Украина и дека „забележува одредени проблеми“. „Колку помалку ракети пристигнуваат во Украина од странство, толку е поблиску крајот на специјалната воена операција“, …
Continue Reading
Возел со 2.54 промили алкохол во крвта и поминал на црвено светло: уапсен маж од Кавадаречко
Утрово во 05.40 часот, на улица „Вишешница“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода В.Ѓ.(39) од село Ресава, кавадаречко. На улица „Западен булевар“ во Кавадарци, тој управувајќи патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, поминал на црвено светло, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 2.54 …
Continue Reading
Бил затекнат додека палел сува трева: уапсен кумановец
Синоќа во 21.20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ш.А. (56) од Куманово, затоа што на ул. „Доне Божинов“ во Куманово бил затекнат како пали сува трева. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а Ш.А. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Continue Reading
Сообраќајни несреќи низ Македонија: седум лица со тешки повреди, возач во Тетово приведен поради алкохол
Во текот на вчерашниот ден, во неколку градови во Македонија се случија серија сообраќајни несреќи со тешки телесни повреди. Во Куманово, околу 17:15 часот, мопед управуван од Ф.Т. (37) удри во пешакот М.Н. (66) на улица „Биљановска“. Пешакот со тешки повреди беше пренесен во Општата болница Куманово. Во Штип, околу 09:45 часот, возачот Ѓ.Т. (27) изгуби контрола над патничко возило …
Continue Reading
КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ
По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот: КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ Услови за учество на Конкурсот: Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија; Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: …
Continue Reading
ДУИ: Ова е аларм, се инсталира систем кој ги избриша Албанците од јавните институции
Целосното исклучување на Албанците од 32 нови вработувања во Централниот регистар е јасен доказ за институционална дискриминација и исклучувачките политики на оваа влада, реагираат од ДУИ. „Ова веќе не е статистика, ова е аларм. Се инсталира систем кој ги избрише Албанците од јавните институции. Тоа се случува секој ден, во секој сектор, и веќе не може да се толерира“. ДУИ …
Continue Reading
15 милионитиот патник на „Визер“ во Македонија доби ваучер за лет по избор
ТАВ Македонија и Визер, на дојдовниот лет од Дортмунд, заеднички го пречекаа 15 милионитиот патник на оваа нискобуџетна авиокомпанија во земјава, од нивниот влез на пазарот во 2011 година досега. Во знак на благодарност за лојалноста на патничката, ТАВ Македонија и подари патнички реквизити, а Визер и додели вредносен ваучер за авиобилети за дестинација која таа самата ќе ја избере. …
Continue Reading
„Бројот 20 засекогаш ќе биде твој“
Навивачите, клубовите, фудбалските организации се збогуваат со Диого Жота овој четврток… Шпанската цивилна гарда ја потврди смртта на фудбалерот на Ливерпул и неговиот две години помлад брат, Андре Силва, кој бил во автомобилот со него. Двајцата се возеле во автомобил „Ламборџини“ кога им пукнала гумата, во момент кога престигнувале друг автомобил. Возилото излетало од патот, по што завршило во пламен. …
Continue Reading
Влен: ДУИ ја продаде еднаквоста за Соравија
Влен реагира дека ДУИ ја загубила довербата на Албанците, откако две децении ја уништувала застапеноста на Албанците во државните институции, користејќи ја оваа тема за политичка трговија. Според Влен, само за една година Владата направила историски чекор со законот за правична застапеност што ја регулира правичната и соодветна застапеност на Албанците во институциите, унапредувајќи ги на одговорни позиции, не со привилегии, …
Continue Reading