Во текот на вчерашниот ден, во неколку градови во Македонија се случија серија сообраќајни несреќи со тешки телесни повреди.
Во Куманово, околу 17:15 часот, мопед управуван од Ф.Т. (37) удри во пешакот М.Н. (66) на улица „Биљановска“. Пешакот со тешки повреди беше пренесен во Општата болница Куманово.
Во Штип, околу 09:45 часот, возачот Ѓ.Т. (27) изгуби контрола над патничко возило „Форд“ на регионалниот пат Штип–село Софилари и излета надвор од коловозот. Возачот е хоспитализиран со тешки повреди во Клиничката болница Штип.
Во Кочани, на кружниот тек кај улиците „Димитар Влахов“, „Бел камен“ и „Крижевска“, А.Ѓ. (29) падна од мопед „Априлија“ и со тешки повреди е хоспитализиран во Општата болница Кочани.
Во Свети Николе, околу 00:20 часот, возачот Д.Г. (25) изгуби контрола над патничко возило „Мерцедес“ и излета од коловозот. Негова сопатничка Е.Е. (24) со тешки повреди е пренесена во Клиничката болница Штип. Возачот е полесно повреден.
Во Битола, околу 15:22 часот, на кружниот тек кај улиците „Булевар 1 Мај“, „Марко Цепенков“ и „Девеани“, се случи судар помеѓу „БМВ“ управувано од А.А. (41) и мопед „Лонгија“ управуван од А.И. (22). Возачот и сопатничката на мопедот, С.И. (50), со тешки повреди се пренесени во Клиничката болница Битола.
Дополнително, во Тетово, околу 18:20 часот, на регионалниот пат с.Желино – с.Шемшово се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Форд“ управувано од Д.Н. (45) од с. Прељубиште и „Голф“ управувано од Е.А. (35) од с. Желино. Во несреќата, Д.Н. се здоби со тешки телесни повреди, додека Е.А. и сопатникот Е.С. се здобија со телесни повреди. Утврдено е дека Е.А. управувал под дејство на алкохол и е лишен од слобода по член 300 од Кривичниот законик за загрозување на безбедноста во сообраќајот.
Во сите случаи извршен е увид, а истрагите се во тек.