Во Велес приведен маж поради кражба на ташна, ја турнал сопственичката

Вчера, околу полноќ, полициски службеници го приведоа Н.А. (44) од Велес, кој е осомничен дека на улицата Христо Татарчев турнал 38-годишна жена и ѝ ја одзел ташната со пари. Парите и ташната веднаш беа пронајдени и враќени на сопственичката. Н.А. е приведен во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител, соопшти МВР. Откако ќе се заврши целосната истрага, …

Continue Reading

БГНЕС: Се очекува Европскиот парламент да го отстрани „македонскиот идентитет и јазик“ од извештајот за Северна Македонија

Следната недела на пленарната седница во Стразбур се очекува мнозинството во Европскиот парламент да ги поддржи амандманите кои предвидуваат отстранување на термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на Северна Македонија, пишува бугарската новинска агенција БГНЕС. Според медиумот, трите најголеми политички групации – Европската народна партија (ЕНП), Социјалистите и демократите (С&Д) и Обнови ја Европа – постигнале …

Continue Reading

Бришењето на македонскиот јазик и идентитет од извештајот е подеднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласие од извештајот за напредокот на земјава да се отстранат термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“, премиерот Христијан Мицкоски вели дека бришењето за нас е исто како и обидите да се стави придавка пред јазикот и идентитетот. „За нас е подеднакво лошо и тоа што …

Continue Reading

Мерц ја повика ЕУ на итен договор со Америка за царините

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја повика Европската Унија што е можно поскоро да постигне договор со Соединетите Американски Држави за решение на трговскиот спор поврзан со царинските давачки, предупредувајќи дека остануваат само неколку дена за постигнување договор. Зборувајќи на банкарски состанок во Берлин, Мерц истакна дека неуспехот да се реши спорот може да ги загрози клучните сектори на европската економија, …

Continue Reading

СДСМ: Повлекувањето на обвинението против Димитриевски е срам за правдата

Скандалозен е потегот на Основното јавно обвинителство Куманово, кое, само неколку дена пред завршните зборови во судска постапка, го повлекло обвинението против градоначалникот Максим Димитриевски без никакво објаснување, реагира СДСМ. „Ова е скандал без преседан, класичен пример за партизирано судство и селективност“, изјави Соња Тодоровска, секретар на Општинската организација на СДСМ Куманово. Според неа, станува збор за случај што бил …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Нова инвестиција од 30 милиони евра и 300 нови вработувања

Gentherm со нов инвестициски циклус го потврдува она што сите го чувствуваме, дека Македонија станува сигурна дестинација за долгорочни, стратешки и технолошки напредни инвестиции, истакна премиерот Христијан Мицкоски. Инвестицијата согласно деловниот план на компанијата ќе изнесува повеќе од 30 милиони евра со 300 нови вработувања и станува збор за високо интегрирани системи за автомобилската индустрија – со нова технолошка опрема, …

Continue Reading

Мицевски: Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Струмица се заканувал со гасење струја за гласови

Пратеникот и член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски, остро ги критикуваше предлог-кандидатите на СДСМ за претстојните локални избори, оценувајќи дека партијата тргнува кон сигурен пораз со, како што рече, истрошени и дискредитирани личности. „Наместо нови и вредни луѓе, тие повторно нудат истрошени фигури, проверени послушници на Заев и Филипче“, изјави Мицевски, додавајќи дека предложените кандидати немаат углед ниту …

Continue Reading

Алијансата за Албанците: Новата програма по историја е дискриминаторска

Алијансата за Албанците на Арбен Таравари реагира на новата наставна програма по историја за основно и средно образование, обвинувајќи ја Владата за дискриминација, фалсификување на историјата и исклучување на албанските експерти од процесот на изготвување на програмите. „Во држава која се нарекува мултиетничка, исклучувањето на албанските историчари од работните групи за изготвување на наставните програми е институционален скандал и директна …

Continue Reading

(Видео) Тренчевска: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за да се луксузира

Додека граѓаните се соочуваат со поскапувања, зголемена сиромаштија и се полош животен стандард, владата одлучува во најголемиот буџет во историјата да скрати над 30 милиони евра од социјални трансфери и субвенции, истакна Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ. „Нема власта пари за поголеми плати за работниците, нема пари за нови мерки за поддршка на стандардот, нема пари за детски додаток, за …

Continue Reading