Песков: Крајот на специјалната воена операција во Украина ќе биде поблизок доколку пристигнува помалку оружје од Западот


peskov6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Крајот на војната во Украина ќе зависи од количината на западно оружје што ќе го добие Киев, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател, додавајќи дека Русија внимателно ја следи ситуацијата во врска со снабдувањето со оружје на Украина и дека „забележува одредени проблеми“.


„Колку помалку ракети пристигнуваат во Украина од странство, толку е поблиску крајот на специјалната воена операција“, истакна Песков.

Претходно, како што објави РИА Новости, порталот „Политико“ пишуваше за привременото запирање на испораките на муниција и оружје од САД за Украина, поради исцрпувањето на американските залихи.

Заменик-портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, потврди за NBC дека имало прекин во испораките, наведувајќи дека одлуката е донесена за да се заштитат интересите на Америка како приоритет.

Исто така, републиканскиот конгресмен и член на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, Брајан Фицпатрик, побара итен брифинг од Белата куќа и Пентагон во врска со прекинот на воените испораки на Киев.

Коментирајќи ги овие наводи, Песков изјави дека „се чини дека (американската) индустрија не успева да произведе доволен број ракети, особено затоа што големи количини беа испорачани во Израел и Украина, а испораките сè уште се во тек“, додавајќи дека Русија внимателно ја следи ситуацијата, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK