Хамас одговори на предлогот на Трамп: „Израел мора да се повлече од Газа“

Хамас соопшти дека ја разгледува понудата за примирје во Газа, која американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече „финална“, но истовремено бара Израел целосно да се повлече од палестинската енклава. Трамп изјави дека Израел се согласил со условите за конечен договор за 60-дневно примирје со Хамас, по „долги и продуктивни“ разговори меѓу неговите претставници и израелската страна. Хамас нагласува дека тежнее …

Continue Reading

Шефот на НАТО: Лавров е министер уште од времето на Исус, ништо корисно не направил

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска на „Фокс њуз“ остро ги критикуваше изјавите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Руте оцени дека Лавров е министер уште „од времето на Исус Христос“ и дека од неговите изјави „ништо корисно не излегло“. Повод за критиките беа коментарите на Лавров во врска со прогнозите на полскиот министер Радослав Сикорски за …

Continue Reading

Земјиште на ЕВН дадено на користење за археолошки истражувања

02.07.2025, Скопје: ЕВН Македонија му ја даде на користење на Археолошкиот музеј парцелата во локалитетот „Тумба Маџари“ во Скопје, со цел спроведување на понатамошни археолошки истражувања кои се од исклучителна важност за разбирањето на историјата на целиот Балкан и Европа. Првиот човек на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер и директорката на Археолошкиот музеј, г-ѓа Магдалена Манаскова, потпишаа Договор за долгорочно …

Continue Reading

Ровињ подготвен за Weekend над сите Weekend-и

Шест фестивали, девет сали, три дена и безброј моменти за уживање – токму вака беше претставена програмата за овогодинешниот Weekend.18, вчера во загрепскиот „Peti kupe“. Во лежерна атмосфера, со музика во летен ритам, се дружеа партнерите, предавачите и пријателите на фестивалот, а се појавија и добро познати лица од хрватската сцена како Зоран Шпрајц, Андреа Андраси, Ида Престер, Мирна Зидариќ …

Continue Reading

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на Врховниот суд. Врховниот суд го утврди Основниот кривичен суд Скопје како надлежен суд за постапка по обвинителниот акт за пожарот, во кој загинаа 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Одлуката е донесена поради недостаток на доволен број судии …

Continue Reading

САД ја намалуваат воената помош за Украина, Киев предупредува на последици

САД привремено паузираа дел од воената помош за Украина, вклучувајќи ракети Патриот, гранати и друго оружје, поради ниски залихи и потреба да се заштитат американските интереси. Одлуката доаѓа во момент кога Украина трпи жестоки воздушни напади и губи територии на исток и југ од земјата. Украинското Министерство за надворешни работи ја оцени одлуката како „охрабрување за агресорот“ и предупреди дека …

Continue Reading

(Видео) Костадиновска-Стојчевска: Со ребалансот власта крати средства за социјални надоместоци, а вработува партиски кадри пред изборите

Ребалансот на буџетот за 2025 година, иако навидум не менува многу во клучните макроекономски параметри како вкупни приходи, расходи, дефицит и економски раст, претставува јасен показател за владините приоритети и стратегии, особено во пресрет на локалните избори, истакна пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, на денешната расправа посветена на ребалансот на Буџетот за 2025 во комисијата за финансирање и буџет. …

Continue Reading

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки

На 88 седница на Владата која се одржа вчера, 6 ресорни министерства вклучени во потпрограмата за капитални дотации на единиците на локалната самоуправа – позната како АА, доставија предлог одлуки до Владата за проектите на општините кои ги исполнуваат условите наведени во самиот повик. Оваа потпрограма, како што објаснија од владините служби, претставува значаен инструмент за поддршка на општините и …

Continue Reading

Минчев: Јавната администрација повеќе не смее да биде заштитена зона за привилегирани поединци

По повод една година од формирањето на Министерството за јавна администрација, министерот Готан Минчев презентираше преглед на клучните резултати и реформски потези што, како што потенцираше ја поставија основата на новата култура на управување во јавниот сектор. Минчев истакна дека преку политичка волја, транспарентност и вложување во човечкиот капитал, министерството спровело системски промени насочени кон департизација, професионализација и дигитализација на …

Continue Reading