Клоп: Клупскиот Мундијал е најлошата идеја досега, следната сезона ќе има повреди како никогаш досега

Јирген Клоп, поранешен тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул и сегашен шеф на светскиот фудбалски оддел на Ред Бул, во интервју за „Ди Велт“ жестоко го критикуваше Светското клупско првенство, кое моментално се игра во САД. „Светското клупско првенство е најлошата идеја што некогаш е имплементирана во фудбалот. Луѓе кои никогаш немале никаква врска со секојдневната работа се задолжени да …

Continue Reading

Претставата „Едмонд“ денес премиерно во Битолски театар

Претставата „Едмонд“ според текстот на Дејвид Мемет, а во режија на Оливер Мицевски, денес премиерно ќе биде одиграна на големата сцена на Битолскиот народен театар. Се работи за петта по ред премиера за оваа година. Директорот Васко Мавровски вели дека во периодот септември 2024 / јуни 2025, е постигнат е апсолутен рекорд на премиерно изведени претстави, 12, а следи и …

Continue Reading

Муцунски: Одлуките донесени во Хаг без водството на Трамп и САД, немаше да бидат можни

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на НАТО Самитот во Хаг, имаше интервју со етаблираниот американски тинк-тенк „Атлантик кансл“, соопштинија од Министерството. Во интервјуто говори за одлуките од Самитот, улогата на САД и претседателот Доналд Трамп во глобалната безбедност, како и за придонесот на Република Северна Македонија во Алијансата и одржувањето на регионалната и светската …

Continue Reading

Троен меѓународен успех: Делфино мобилити груп носи нова енергија на авто пазарот во Македонија!

Ако сте приметиле дека нешто се менува на македонскиот авто-пазар, не ви се причинува. Веќе некое време, нешто модерно, поразлично, па дури и светски, се провлекува низ улиците. Тоа „нешто“ многу често е врзано со Делфино Мобилити Груп, компанијата која не само што продава и изнајмува возила, туку го носи целиот дух на модерната мобилност кај нас. Под нивно крило …

Continue Reading

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

(20.06.2025 – 26.06.2025) Легенда: ИСДВ – измерена средно-дневна вредност ГВЕ – гранична вредност на емисии (Законски максимално дозволена вредност) *** Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2и …

Continue Reading

Каратистите на „Макпетрол“ на Светската младинска лига во Хрватска: Данило Божовиќ освои петто место

Светската Карате 1 Младинска лига од 26 до 29 јуни се одржува во хрватскиот град Пореч, а меѓу учесниците се и членови на клубот „Макпетрол“. На овој глобален турнир настапуваат 3,225 каратисти со 3,326 натпреварувачки влезови од 78 држави. Претставникот на скопската екипа, Данило Божовиќ (+84 кг.), не успеа да победи во борбата за бронзен медал, односно го освои петтото …

Continue Reading

Скопско лето: В понеделник џез концерт на Ѓорги Шаревски трио во Сули ан

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје в понеделник повикува на џез концерт на Ѓорги Шаревски трио во Сули ан со почеток во 20.30 часот. Покрај Шаревски, ќе учествуваат и Акира Накамура од Окинава, Јапонија на тапани и Оливер Јосифовски на контрабас. „Извонредна интеркултурна соработка, каде што триото на Георги Шаревски се обединува со еминентниот јапонски тапанар Акира Накамура за динамичен …

Continue Reading

ДУИ укажува на дискриминација во МВР: Полицајци Албанци со 20 години искуство не уживаат право на унапредување

Демократската Унија за Интеграција изрази загриженост за јавните изјави на Независниот полициски синдикат, кои, според партијата, потврдуваат една горчлива реалност: систематската дискриминација на албанските полицајци и неможноста за нивен напредок во полициската хиерархија. „Според претставници на Синдикатот, и покрај тоа што многу албански службеници имаат над 20 години работно искуство и ги исполнуваат сите професионални услови, тие не уживаат право …

Continue Reading

Разбојништво во фризерски салон во Битола: му го зел прометот на фирзерот и му се заканил дека ќе го испрска со солзавец

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен битолчанец осомничен за кривично дело – разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик. На 23 јуни околу пладне, осомничениот влегол во фризерски салон и побарал пари од фризерот. Тој одбил доброволно да му даде, по што осомничениот го искористил моментот кога оштетениот се оддалечил од …

Continue Reading