Од полноќ поскап дизел
Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,00 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,00 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 72,00 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 70,00 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 40,928 …
Continue Reading
(Видео) Повредените во Кочани ќе добиваат по два чифта компресивна облека на шест месеци и препорачливо е да ја носат две години
На 58 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани веќе им е дадена компресивна облека и носењето ги дава резултати. Директорката на кочанската болница, Катерина Паниќ-Мирчовска вели дека тие ќе добијат и втор пар, а таква облека ќе добијат сите повредени на кои што им е потребна. „Во однос на компресивната облека можам да ги кажам првите искуства од …
Continue Reading
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција
Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на нејзиниот партнер Д.Т.(36). Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Венцислав и Дејан Недев викендов ќе одржат ИТКФ карате семинар и полагање за тренери и судии во Лондон
На покана од Федерацијата за традиционално карате на Англија, др. Венцислав и др. Дејан Недев на 21 и 22 јуни ќе одржат карате семинар и полагање за мајсторски појаси во Лондон, Англија. Се очекува учество на околу 200 каратисти од повеќе карате клубови низ цела Англија. На крајот од семинарот ќе се одржи полагање за мајсторски појаси, тренери и судии. …
Continue Reading
Маж од прилепско оштетил апарати за игри на среќа, па случајот го пријавил во полицијата
Полицијата поднесе кривична пријава против лицето А.С.(34) прилепско село, поради затајување и лажно пријавување на кривично дело. „На 20 мај, пријавениот пријавил дека во спортска обложувалница во селото Ропотово, општина Долнени, едно лице ги оштетило апаратите за игри на среќа и одзело пари“, се вели во полицискиот билтен. По преземени мерки и активности било констатирано дека пријавениот лажно пријавил, односно …
Continue Reading
Сашко Мицевски e новиот директор на Агенцијата за филм
Владата го именува Сашко Мицевски за нов директор на Агенцијата за филм. Тој доаѓа на местото на Вероника Бучковска, која беше именувана на 17 декември, минатата година. Мицевски на оваа позиција доаѓа од филмската бранша, а низ годините работеше како филмски и ТВ монтажер и дизајнер на звук. Студирал филмска и ТВ монтажа на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а …
Continue Reading
Се реконструира физикалната медицина во кочанската болница, соопшти Митева
Во моментов се одвива реконструкција на просторот на физикална медицина во Кочанската болница, со вкупна површина од 350 квадратни метри. Рокот за завршување на работите е предвиден во наредните три до четири недели. Владината портпаролка, Марија Митева, информира дека е почнато со поставување на нови прозорци, целосно нова електрична инсталација и нова водоводна и канализациона мрежа. Реконструкцијата ќе продолжи со …
Continue Reading
Тројца млади луѓе нападнале пешак за да му го украдат телефонот, упасени се во Гази Баба
Поливијата ги приведе М.С.(22), С.С.(21) и 17-годишник, сите од Скопје на подрачјето на Гази Баба поради разбојништво. „Тие се сомничат дека околу 19.00 часот во с.Трубарево, скопско, со возило го пресретнале В.Д.(42) од Скопје, по што едниот од нив физички и со тврд предмет го нападнал и му го одзел мобилниот телефон, по што тројцата со возилото го напуштиле местото“, …
Continue Reading
(Фото) Авион на „Рајанер“ удри во ограда на грчки аеродром, оштетено крилото
Авион „Боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпел оштетување на врвот на десното крило откако удрил во заштитна ограда при движењето на аеродром во Грција. Нема повредени патници или членови на екипажот, а авионот оттогаш е вратен во употреба. Летот ФР6080 на „Рајанер“ полетал од аеродромот „Станстед“ во Лондон вчера во 9 часот наутро. Иако патниците пријавиле дека доживеале турбуленции …
Continue Reading