Се реконструира физикалната медицина во кочанската болница, соопшти Митева


a72cfaa8-29d8-7af4-e46d-4db0a583b5d0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во моментов се одвива реконструкција на просторот на физикална медицина во Кочанската болница, со вкупна површина од 350 квадратни метри.


Рокот за завршување на работите е предвиден во наредните три до четири недели.

Владината портпаролка, Марија Митева, информира дека е почнато со поставување на нови прозорци, целосно нова електрична инсталација и нова водоводна и канализациона мрежа.

Реконструкцијата ќе продолжи со хидроизолација на објектот, поставување на комплетно нова вертикала на водоводната и канализационата мрежа која ги поврзува и горните оддели над физикална медицина – конкретно хирургија, гинекологија и неврологија, порамнување и обновување на подот и поставување на нови врати.

„Особено важно што цениме како Влада дека е потребно да се нагласи е дека по долги години се оспособува хидрантската мрежа која беше целосно нефункционална, и во тек е поставување на нов противпожарен систем, неопходен елемент за безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал. Ова не е само реконструкција – ова е јасен сигнал дека Кочани добива системска грижа“, рече Митева.

Информираше и дека се преземаат  сериозни чекори за подобрување на условите во Пониква, каде од утре ќе бидат примани и пацинети.

 

Министерството за спорт целосно ги опремило двете игралишта за рекреација, поставени се комарници, кои се од суштинско значење за заштита на пациентите во оваа фаза. Спроведена е и комплетна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, вклучително и на шахтите околу објектот, во соработка со Центарот за јавно здравје Кочани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK