Објавен јавен повик за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2025 година
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сите заинтересирани дека е објавен Јавен повик бр. 02/2025 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2025 година. ДОСТАПНИ МЕРКИ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА: МЕРКА 1 – Финансиска поддршка во рибарството: • Потточка 1.6 – Дополнителна заштита на рибите во риболовните води: …
Continue Reading
(Фото) Ѓорѓиевски: Првенците од Кисела Вода ќе летуваат бесплатно
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски им додели награди на најдобрите ученици, првенци на генерацијата од сите осум основни училишта на територијата на општината. Вкупно 24 ученици, односно тројцата најуспешни ученици од секое училиште, добија бесплатно летување во летниот едукативно-рекреативен камп SCOUT во Охрид, додека девет од нив, кои според рангирањето имаа најголем број на поени, беа дополнително наградени …
Continue Reading
Ирански нуклеарен научник убиен во напад во Техеран, тврдат израелските медиуми
Ирански нуклеарен научник е убиен во напад во Техеран, објавија израелските медиуми. Нападот, според државната телевизија Кан и други локални извори, се случил во иранската престолнина. Ни Техеран ниту Тел Авив сè уште официјално не ги коментирале тврдењата, но Израел и претходно, за време на конфликтот, нападна нуклеарни научници.
Continue Reading
Макрон: Нападите врз цивилите и инфраструктурата мора да престанат, Иран мора да се врати на преговорите
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во тековниот конфликт меѓу Израел и Иран мора да престанат. Макрон ја даде изјавата пред новинарите по пристигнувањето на аеромитинг во близина на Париз. „Франција со денови има јасна и едноставна позиција: нема оправдување за напади врз енергетски објекти и цивили“, рече Макрон. Тој додаде дека Иран мора …
Continue Reading
Адвокатот побара ослободување на Љупчо Палевски поради недостиг на докази
Адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски, Јовица Страшевски, побара неговиот клиент да биде ослободен од обвиненијата за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Страшевски во завршните зборови истакна дека не е јасно наведено какви дејствија презел Палевски, обвинителниот акт е контрадикторен и непрецизен и ја извртува вистината со намера јавноста и судот да добијат искривена слика. Рече дека Обвинителството …
Continue Reading
Герасимовски: Даночната канцеларија во Центар нуди побрза и поедноставна услуга за нашите жители
Општина Центар ги информира сите граѓани кои сѐ уште не добиле Решение за наплата на данок на имот за 2025 година дека можат да ги регулираат своите обврски со директно обраќање во општинската даночна канцеларија. „Истурената даночна канцеларија значи побрза и поефикасна услуга. Целта ни е граѓаните навремено и лесно да ги завршат своите обврски“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски. Граѓаните …
Continue Reading
Русија очекува да се договори за датум за третата рунда мировни преговори со Украина
Русија очекува да се договори за датум за третата рунда мировни преговори со Украина следната недела, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Функционерот на Кремљ, Владимир Медински, кој ја предводи руската делегација, е во контакт со својот украински колега, изјави Песков. Обновувајќи ги разговорите по повеќе од три години, двете страни се сретнаа лице в лице во Истанбул на 16 …
Continue Reading
На Богородица задржувањето од македонска страна е околу 40 минути
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 40 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Continue Reading
Ивановска: Со зголемување на проактивноста на МОН, расте и поддршката од ЕУ за развој на образованието
Како се зголемува проактивноста на МОН и се остваруваат програмските цели, така пропорционално расте и поддршката од Европската унија за развој на националниот образовен систем и за градење на квалитетен човечки потенцијал. Очекувам нашата добра соработка да продолжи и во иднина, за да изградиме општество од кое младите не заминуваат, туку остануваат, придонесуваат и водат. Ова го истакна државниот секретар …
Continue Reading