Обид за напад со нож и закани преку телефон – хорор во Виничко

Штипската полиција поднесе кривична пријава против М.Н.(27) од Македонска Каменица поради загрозување со опасно орудие при тепачка или караница и загрозување на сигурноста. „На 19.04.2025 во село Истибања, виничко, првопријавениот се обидел физички да го нападне со остар предмет Т.С., а подоцна му упатувал закани по живот на мобилна апликација“, се вели во информацијата од МВР.

Continue Reading

Еден стан продаден на две лица во Гостивар, МВР поднесе кривична за измама

Полицијата поднесе кривична пријава против Н.С.(43) од Гостивар и фирма од Гостивар поради измама. „На 27.12.2017, првопријавениот – сопственик на фирмата, склучил и потпишал купопродажен договор за стан опишан како компензација со фирма од Гостивар. Истиот стан на 27.10.2020 повторно го продал на друго лице од Гостивар“, велат од МВР. Кога претходниот купувач кога се обидел да влезе забележал дека …

Continue Reading

Борис Петров- 70 години сликарска посветеност и културен белег на Гевгелија

Ликовната изложба со промоцијата на Монографијата „70 години ликовно творештво“ на гевгелискиот уметник и долгогодишен наставник, Борис Петров, ја одбележа манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Голем број посетители, во хотел „Аполонија“- Гевгелија, каде беше одржан овој настан, на 24 мај 2025 година, му оддадоа почит за неговото творештво и придонес во македонската уметност. Настанот претставуваше кулминација на …

Continue Reading

Државјани на Турција нападнале таксист во Скопје за да му го украдат телефонот

Полицијата поднесе кривична пријава против О.А.Б.(19), К.И.(19) и Е.Х.Б.(20), сите државјани на Република Турција, поради разбојништво. „На 3 мај во Скопје, пријавените физички нападнале возач на такси возило со кое се превезувале, при што му го одзеле мобилниот телефон“, соопшти МВР.

Continue Reading

(Видео) Вулканот Килауеа на Хаваите исфрла лава висока колку Ајфеловата кула

Еден од најактивните вулкани во светот повторно еруптира на Хаваите. Според Хавајската вулканска опсерваторија, на некои места фонтани од лава што излегуваат од отворите достигнуваат висина и до 300 метри, што е речиси колку висината на Ајфеловата кула, пишува „Би-би-си“. Од ерупцијата на 23 декември, активноста околу вулканот е променлива – трае од само 13 часа до дури осум дена.

Continue Reading

Мисајловски по повод Денот на воената безбедност и разузнавање: Вие сте клучната алка во системот на одбраната

Денеска во Музејот на македонската борба беше одбележан Денот на воената безбедност и разузнавање. На одбележувањето беа присутни министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и останати генерали и високи претставници од Армијата и Министерството за одбрана. По повод денешниот ден министерот Мисајловски се обрати пред присутните при што истакна дека поради постојаните промени …

Continue Reading

Трамп рече дека Путин полудел, стигна одговор од Кремљ

Кремљ изјави дека тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Владимир Путин „потполно полудел“ може да биде резултат на емоционално преоптоварување, но му се заблагодари на американскиот лидер за помошта во започнувањето мировни преговори за Украина. Трамп рече дека Путин „апсолутно полудел“ со лансирањето на најголемиот воздушен напад во војната врз Украина, додавајќи дека размислува за нови санкции кон Москва, …

Continue Reading

ООМУ „Васо Карајанов“ со успешна реализација на Годишните концерти на Музичкиот и Балетскиот оддел

ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија успешно ги заврши своите Годишни концерти на Музичкиот и Балетскиот оддел. Концертите претставуваа завршна презентација на сè што учениците научиле и постигнале во текот на учебната 2024 / 2025 година, а воедно и можност за јавно претставување на нивната љубов и посветеност кон музиката и танцот. Концертот на Музичкиот оддел се одржа на 22 мај 2025 …

Continue Reading

Тажна вест: почина актерката Соња Каранџуловска

На 77-годишна возраст, почина актерката Соња Каранџуловска. Каранџуловска дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1971 година, во првата генерација на дипломирани актери, во класата на проф. Илија Милчин. Во МНТ работи од 1974 до 2014 година. На сцената на МНТ, игра уште пред вработувањето. Прва улога и е Авдотја во претставата „Децата на сонцето“ (1973), во режија …

Continue Reading