Тен Хаг го презеде Баер Леверкузен
Баер Леверкузен официјално доби нов тренер: Ерик тен Хаг потпиша договор до 2027 година и го презема тимот од Чаби Алонсо, кој заминува во Реал Мадрид. Тен Хаг доаѓа по бурниот период во Манчестер јунајтед, каде што не ги оправда очекувањата, но сега во Германија, има можност за нов почеток. Леверкузен ја освои тројната круна под водство на Алонсо минатата …
Continue Reading
Македонскиот тим – вицешампиони на Европскиот квиз за пари за 2025 година
Нашите претставници на Европскиот квиз за пари, учениците Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од ООУ „ Кире Гавриловски – Јане“ од Прилеп, под менторство на наставничката Соња Јорданоска, го освоија второто место на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост. Финалето се одржа на 23-ти мај 2025 година во Брисел, Белгија во организација на Европската банкарска …
Continue Reading
Просечната плата во Србија е 1.270 евра
Просечната бруто плата во март во Србија изнесувала 148.652 динари, просечната нето плата, односно плата без даноци и придонеси, изнесувала 108.013 динари, објави денес Заводот за статистика на Република Србија. Растот на бруто и нето платите во периодот јануари-март 2025 година, во споредба со истиот период минатата година, номинално изнесуваше 11,2 проценти, односно 6,4 проценти во реалност. Во споредба со …
Continue Reading
Мицкоски: Почната е постапка за набавка на 120 електрични автобуси
Во рамки на Надзорната расправа во Собранието посветена на аерозагадувањето премиерот Христијан Мицкоски одговараше на прашање на пратеникот Олга Лозановска за влијанието на транспортот врз загадувањето на воздухот, кој според анализите е втор загадувач. На надзорната расправа се истакна дека железничкиот транспорт не само што е економски најефикасен, туку има и најмали импликации врз загадувањето на воздухот, и Владата презема …
Continue Reading
Гатузо замина, Шпанец ќе го предводи Хајдук
Шпанскиот стручњак Гонзало Гарсија ќе стане нов тренер на Хајдук од Сплит. Како што објавува хрватскиот „Индекс“, актуелниот тренер на Истра пристигнува во Сплит и сè треба да биде завршено до вторник. „Договорот сè уште не е потпишан, што значи дека ситуацијата може да се промени, но тоа е малку веројатно. Гарсија би можел официјално да биде претставен до крајот …
Continue Reading
Судијата Африм Фидани е избран за претседател на Врховниот суд
Со осум гласа за и пет против, судијата Африм Фидани е избран за претседател на Врховниот суд. За Беса Адеми која конкурираше за повторен мандат гласаа само двајца членови, додека единаесет беа против. Фидани е судија на Врховен суд од 2017 година. Во неговата биографија објавена на веб-страната на судот стои дека по завршување на средното училиште и отслужување на …
Continue Reading
Мицкоски: Никој на домаќинствата не им понудил алтернатива, затоа не треба да ги обвинуваме за аерозагадувањето
Не треба да ги обвинуваме домаќинствата затоа што тие немаат алтернатива, за жал никој до сега не им обезбедил алтернатива, а кога би имале тогаш третирањето на темата би било поинакво и работиме на тоа да обезбедиме алтернатива за домаќинствата, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска на надзорната расправа во Собранието за аерозагадувањето. Мицкоски додаде дека најчесто таа алтернатива е централно …
Continue Reading
Мицкоски: За да се реши проблемот со аерозагадувањето потребно е да се изградат когенеративни гасни централи
Премиерот, Христијан Мицкоски, на денешната надзорна расправа за аерозагадувањето рече дека оваа тема секоја зима е актуелна, посочувајќи дека не е само воздухот проблем во квалитетот на животот на граѓаните, туку и околината и животната средина. Во однос на загадениот воздух Мицкоски истакна дека најголем причинител за таквата состојба е системот на затоплување на домаќинствата, јавните и индустриски објекти. …
Continue Reading
(Видео) Астон Вила: Нема да играме во Лигата на шампионите поради судиска грешка
Астон Вила поднесе жалба до Англиската асоцијација на судии (ПГМОЛ), поради како што наведоа голема грешка на судијата Томас Брамал во натпреварот против Манчестер Јунајтед, кој клубот од Бирмингем го загуби и ја пропушти шансата да се квалификува за Лигата на шампионите. Астон Вила доцна синоќа објави дека поднеле жалба до ПГМОЛ поради изборот на 35-годишен судија за толку важен …
Continue Reading