Движењето ЗНАМ до СДСМ: Крадецот вели, држете го крадецот, ние сме дома и градиме за нашите граѓани а не во Дубаи
Ја разбираме очајната состојба во која се наоѓа СДСМ, во својата безидејност, во својот слободен пад како партија на македонската политичка сцена, отвораат стари теми кои се отворени и затворени за јавноста пред повеќе од 9 месеци, реагираат од движењето ЗНАМ на прес-конференцијата на СДСМ. За ЗНАМ, како што велат, денешниот прес организиран од новата и веќе етаблирана коалиција помеѓу …
Continue Reading
МОН: Ниту еден студент нема да го изгуби правото на субвенциониран студентски оброк заради користење семејна пензија
Министерството за образование и наука информира дека на ниту еден студент кој користи субвенциониран студентски оброк, нема да му биде прекинато правото доколку истовремено е корисник и на семејна пензија по основ на починат родител. Студентите корисници на субвенциониран студентски оброк, кои истовремено користат и семејна пензија, нема да го изгубат правото остварено преку Министерството за образование и наука. Предизвикот …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова со Милановиќ: Ветото ќе предизвикува проблеми, ние инсистираме и си го бараме местото во ЕУ, да речам дека се надевам утре да наидеме на разбирање – ќе згрешам
Во рамки на официјалната посета на хрватскиот претседател на нашата земја беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Зоран Милановиќ. Претседателката изрази благодарност до претседателот Милановиќ за посетата. „Благодарност за разбирањето и за пријателскиот однос на Хрватска. Благодарност за советите, мислам дека се многу корисни. А што да кажам за односите меѓу двете држави? – традиционално пријателски. …
Continue Reading
Промовирана „Археолошка Брајова азбука“ – прва литература од ваков тип во Македонија и регионот
Денес, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ се одржа промоцијата на „Археолошка азбука“ и „Археолошка Брајова азбука“ – првите книжевни дела од ваков тип во Македонија и пошироко во регионот, наменети за деца и млади, чии автори се професори Антонио Јаќимовски, Елизабета Томевска-Илиевска, Маја Јаневска. Настанот се реализира со поддршка од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Општина Кисела Вода, во соработка …
Continue Reading
Драма на небото над Москва: Аеродромите затворени, светските лидери не можат да слетаат, Украина изврши напад
Украинската армија ја нападна Москва со беспилотни летала и поради ова, повеќето аеродроми во главниот град на Русија беа затворени, непосредно пред доаѓањето на Шји Џјинпинг и други светски лидери за да го прослават Денот на победата над нацизмот, пишува Ројтерс. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека руските единици за воздушна одбрана уништиле најмалку 14 украински дронови помеѓу вторникот …
Continue Reading
Снукерот ќе стане олимписките спорт?
Светската професионална билијард и снукер асоцијација (WPBSA), сака снукерот да стане олимписки спорт од Игрите во Бризбејн во 2032 година. Иницијативата доаѓа откако Кинезот Жао Синтонг кој ја освои светската титула во Шефилд, каде што го победи трикратниот шампион Марк Вилијамс со 18-12 во финалето на светското првенство, откако во полуфиналето го победи седумкратниот шампион Рони О’Саливен. Оваа победа му …
Continue Reading
Муцунски-Рајфенштуел: нагласена определбата за спроведување на реформите, и покрај сите предизвици на патот кон ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба ги прими Михаел Рајфенштуел, директор за Југоисточна Европа, Турција, ОБСЕ и Советот на Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Во разговорот, Муцунски упати честитки по повод изборот на новата германска Влада, изразувајќи очекување дека стратешкото партнерство и соработката меѓу Северна Македонија и Германија ќе …
Continue Reading
ФИТР и ИНОФЕИТ со соработка за зајакнување на дигиталната трансформација на македонската економија
Фондот за иновации и технолошки развој и Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ, денес потпишаа договор за соработка со цел унапредување на дигиталната трансформација и иновацискиот капацитет на македонските компании. Со оваа соработка, ФИТР ќе го преземе кофинансирањето на проектот ИНОФЕИТ ЕДИХ (европски дигитален иновациски хаб), кој претставува водечка платформа за дигитална трансформација, иновации и технолошки развој …
Continue Reading
Јаневска: Демократското образование создава активни генерации кои се свесни за човековите права и одговорно се однесуваат
Демократијата мора да биде еден од основните столбови на образовниот систем. Образовниот процес е алатка за стекнување вештини и знаења, но мора да насочува и кон критичко размислување, кон развивање на одговорност, свесност за човековите права и обврски, кон конструктивност и почитување. Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на завршната работилница „Зајакнување на училиштата за демократско …
Continue Reading