Исени на средба со бугарскиот амбасадор

Заменикот министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна средба со амбасадорот на Република Бугарија во земјава, Жељаско Радуков. На средбата, беа потврдени заложбите за одржување и унапредување на односите меѓу двете соседни земји, а особено беше потврдена одличната соработка меѓу Министерствата за внатрешни работи, во кои, исто така заеднички беше констатирано дека работат врвни професионалци. Со посебен фокус се …

Continue Reading

Најава за спектакл во Лондон, Арсенал против ПСЖ

Фудбалерите на Арсенал и ПС, вечерва ќе ја отворат полуфиналната фаза во Лигата на шампионите. Два тима, иста цел, конечно да го освојат трофејот во Лигата на шампионите. Арсенал и ПСЖ никогаш не го освоиле најпрестижниот трофеј во клупскиот фудбал. Победникот во финалето, во Минхен, ќе игра против Интер или Барселона. Арсенал и ПСЖ се сретнале пет пати во последните …

Continue Reading

СДСМ: Обвинителството да го истражи скандалот со Стефковски и да утврди одговорност за сите

Скандалот со братот на градоначалникот Бобан Стефковски кој дивееше по скопските улици, а потоа беше ослободен од страна на МВР го потврди она што сите многу добро го знаат: за функционерите на ДПМНЕ и нивните роднини не важат законите, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Министерот Панче Тошковски беше принуден јавно да го признае скандалот но само откако СДСМ го …

Continue Reading

Трамп: Јас ја водам Америка, но и светот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговите претседателски мандати се значително различни, истакнувајќи дека овој пат тој ја води земјата, но и светот. „Првиот пат имав две задачи, да ја водам земјата и да преживеам; морав да се справам со разни измамници“, рече Трамп во интервјуто објавено вчера. „И по втор пат ја водам земјата и светот“, додаде тој. Откако …

Continue Reading

Вилијам и Кејт ја слават 14-годишнината од бракот во Шкотска

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт денеска патуваат во Шкотска, каде што ќе ја прослават 14-годишнината од бракот и ќе го направат најзначајното заедно патување оваа година. Престолонаследникот Вилијам се ожени со Кејт Мидлтон на 29 април 2011 година во Вестминстерската опатија, на церемонија што ја следеа милиони луѓе ширум светот. Тие се запознале десет години порано кога и …

Continue Reading

Одржан Форум за интелектуална сопственост во организација на АЕТСМ и АмЧам

– По повод Светскиот ден на интелектуалната сопственост – 26 април, Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ) и Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) организираа Форум за интелектуална сопственост, кој се одржа во петокот во едукативниот центар на Халкбанк. Настанот ги обедини експертите и практичарите од областа на интелектуалната сопственост, членките и партнерите на двете организации, како и …

Continue Reading

Македонија е тажна приказна, а Црна Гора е најблислку до членство во ЕУ, рече Марта Кос

Црна Гора останува најверојатниот кандидат од регионот на Западен Балкан кој може да стане нова членка на Европската унија за време на мандатот на сегашната Европска комисија, а по неа е Албанија, додека Северна Македонија е тажна приказна, изјави комесарот за проширување Марта Кос. Кос во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) појасни дека би било неуспех доколку ниту една …

Continue Reading

ОПМ: Треба алатка за споредување на цените на производите за граѓаните да знаат каде можат да ги купат поевтино, објавените списоци не се доволни

По објавувањето на списоците со цени на сите производи во маркетите, неопходно е да се направи нова алатка која на потрошувачите ќе им овозможи да ги споредуваат цените на исти производи во различни маркети за да откријат каде им е најевтино да пазаруваат. Ваков став има претседателката на Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ), Маријана Лончар-Велкова. Кај нив засега нема …

Continue Reading

За 1 мај локален краткотраен дожд

Времето за 1 мај, четврток, ќе биде претежно сончево со услови за краткотраен локален дожд и грмежи, информира УХРМ. Утре ќе се задржи сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во четврток попладне и во петок ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Во деновите од викендот ќе биде …

Continue Reading