Вилијам и Кејт ја слават 14-годишнината од бракот во Шкотска


vilijam-kejt.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт денеска патуваат во Шкотска, каде што ќе ја прослават 14-годишнината од бракот и ќе го направат најзначајното заедно патување оваа година.


Престолонаследникот Вилијам се ожени со Кејт Мидлтон на 29 април 2011 година во Вестминстерската опатија, на церемонија што ја следеа милиони луѓе ширум светот.

Тие се запознале десет години порано кога и двајцата биле студенти на Универзитетот Сент Ендрјус на источниот брег на Шкотска.

Принцот и принцезата од Велс се враќаат во Шкотска како дел од официјалната дводневна посета на островите Мул и Јона, кои се дел од архипелагот Хебрид во близина на западниот брег.

Тие ќе го посетат пазарот, производителите на храна и центрите на заедницата на островите со цел да се запознаат со важноста од зачувување на природната средина, соопшти нивниот кабинет.

По службените обврски, годишнината ќе ја поминат во мала, изолирана куќа на островот Мал, позната по драматичните и прекрасни пејзажи, објавија британските медиуми.

Патувањето е ретко заедничко појавување на парот откако Кејт започна со превентивна хемотерапија за нејзиниот рак, кој сега е во ремисија.

„Шкотска ми е неверојатно важна и секогаш ќе има посебно место во моето срце“, изјави Вилијам, кој ја носи титулата Господар на шкотските острови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK