(Видео) Кузеска: Потрошувачката кошничка порасна за 836 денари, власта нема решение за високите цени

Поминаа десет месеци одкако ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Десет месеци беа доволни да излезе на површина неспособноста, неодговорноста и целосната незаинтересираност на оваа Влада за животниот стандард на граѓаните. Македонија економски не оди напред како што ветуваше ДПМНЕ во кампањата. Економијата е заглавена, стандардот е урнисан, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Владата, како …

Continue Reading

Новинарите сè уште без правда за нападите на 27 април: ЗНМ со реакција на одлуките на Апелациониот суд

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост поради последните одлуки на Апелациониот суд Скопје од април 2025 година, со кои беа одбиени жалбите на новинарите нападнати за време на насилствата во Собранието на 27 април 2017 година. „Овој датум останува запаметен како ден кога брутално беа прекршени правата на новинарите и медиумските работници. Наместо да биде потврдено дека …

Continue Reading

Пет пациенти денеска се враќаат од Србија, во странство се хоспитализирани 38 пациенти по трагедијата во Кочани

Министерството за здравство информира дека денеска пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани ќе се вратат од лекување од Клиничкиот центар во Србија, по што согласно протоколот тројца ќе бидат под опсервација на Клиниката за пулмологија и по еден пациент на Клиника за пластична хирургија и во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“. Во текот на вчерашниот ден еден пациент се …

Continue Reading

Општина Аеродром добива нов сквер

Општина Аеродром добива нов сквер меѓу кулите кај поранешната слаткарница „Стела“, во внатрешниот дел покрај булеварот АСНОМ во населбата Јане Сандански. „Станува збор за целосна реконструкција на плочникот меѓу зградите на површина од околу 2.800 м2, со што овој простор ќе добие нов сјај со содржини приспособени за сите генерации. Покрај замената на старите и дотраени плочки, скверот ќе биде …

Continue Reading

Трговците мора да ги прекинат нефер практиките, следуваат почести контроли, предупредува Комисијата за заштита на конкуренцијата

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) упатува јавно предупредување и повик до сите големи трговски синџири, супермаркети, добавувачи и дистрибутери да постапуваат строго согласно Законот за забрана на нефер трговски практики, со цел да се обезбеди фер, транспарентен и законски пазар во интерес на економијата, производителите и потрошувачите. Комисијата потсетува дека законот забранува злоупотреба на значителна пазарна моќ, вклучувајќи еднострани …

Continue Reading

Таравари не може и да соработува со ДУИ и да биде дел од Владата, вели Меџити

Министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити очекува министерот за здравство Арбен таравари и лидер на Алијанса за Албанците како што ја напушти коалицијата „Влен“ за претстојните локални избори, да ја напушти и Владата. Меџити вели дека синоќа имале седница на Владата на која покрај за реализација на програмите и проектите разговарале и за политичката ситуација. „’Влен’ нема никакви …

Continue Reading

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Реформите во правосудниот сектор се најитни. Без нив, сите други реформи се безвредни, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, нема европско општество ако обвинителот бира по кого ќе отвори предмет, а по кого ќе премолчи, ако судот носи пресуди по избор на политички центри, а не по Устав и закон и граѓанинот ја губи довербата дека ќе добие правда. Мицкоски …

Continue Reading

Венс: САД понудија експлицитен предлог за прекин на војната, време е страните да се согласат

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, изјави дека САД понудиле „многу експлицитен предлог“ до Русија и Украина на патот кон мировен договор и истакна дека „е време тие или да кажат „да“ или САД да се повлечат од процесот“, објави денес Блумберг. „Мислам дека ќе се повлечат нови линии на конфликт таму каде што се моментално постоечките или …

Continue Reading

Ристе Велков со рецитал „Музички мозаик“ на 25 април

Априлската програма за „Гевгелија град на култура 2025 година“ продолжува со рецитал на Ристе Велков „Музички мозаик“. Во хотел „Аполонија“, на 25 април 2025 година, со почеток во 20:00 часот, гевгеличани ќе имаат можност да уживаат во баритонскиот глас на Велков со изведба на домашни и странски композиции и аранжмани, во корепетиција на пијанистката Јанинка Невчева. Влезот е слободен. На …

Continue Reading