Таравари не може и да соработува со ДУИ и да биде дел од Владата, вели Меџити


Taravari-Medziti-micko.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити очекува министерот за здравство Арбен таравари и лидер на Алијанса за Албанците како што ја напушти коалицијата „Влен“ за претстојните локални избори, да ја напушти и Владата. Меџити вели дека синоќа имале седница на Владата на која покрај за реализација на програмите и проектите разговарале и за политичката ситуација.


„’Влен’ нема никакви дилеми, продолжува во таа насока за што и ги побара тие 107 илјади гласови како победник во албанскиот кампус. Како што ветивме донесовме промена, ротација, плурализам и демократија во албанскиот кампус. Ние стоиме цврсто на тој пат. Тука е проблем господинот Таравари. Ние одлучивме дека ‘Влен’ ќе биде едно, ќе се стопат сите политички партии во ‘Влен’ оти тоа го бараат нашите гласачи. Како второ одлучивме дека и соработка со ДУИ и останување во ‘Влен’ не е можно и мислам дека и соработка со ДУИ и дел од Владата не штима, не оди.  Тоа е нашиот политички став, ќе биде истиот и на 29 април и на први мај. Нема логика да се соработува со ДУИ и да се биде дел од Владата“, рече денес министерот Меџити по обраќањето на Форумот за енергетика и технологија помеѓу Чешка и Северна Македонија.

Според него Меџити треба да се определи. Има легитимно право да соработува со ДУИ, но треба да не се срами, да го објави тоа и да премине во тој табор.

Меџити не одговори конкретно на прашањето дали ќе побара од премиерот Христијан Мицкоски, Тарвари да ја напушти Владата, но потврди дека е можна средба меѓу нив на која без разлика на кој датум ќе се одржи политичкиот став на „Влен“ ќе биде ист.

Спојувањето на партиите кои сега се дел од коалицијата „Влен“ со исклучок на Алијанса за Албанците е во тек. Меџити извести дека претседателството ќе има 23 членови и дека неговото име е меѓу оние кои се споменуваат како кандидати за лидери.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK