Погребот на Папата во сабота ги одложи натпреварите во Серија А
Поради погребот на папата Франциск, кој ќе се одржи во сабота на 26. април, одлучено е тој ден да не се играат натпревари од италијанската Серија А. Според распоредот требаше да се одиграат три натпревари од 34.коло: Комо – Џенова, дербито Интер – Рома и Лацио – Парма. Се уште не е потврдено, но италијанските медиуми навестија дека натпреварите Комо-Џенова …
Continue Reading
Кина и Русија планираат изградба на нуклеарен реактор на Месечината
Прелиминарните планови за Меѓународната лунарна истражувачка станица (ILRS), која заеднички ја развиваат Кина и Русија, вклучуваат изградба на нуклеарен реактор на површината на Месечината, според презентацијата на кинески вселенски службеник. Презентацијата ја одржа Пеи Жаоју, главниот инженер на кинеската мисија „Чанг’е-8“ планирана за 2028 година, а таа покажа дека енергетскиот систем на идната база, покрај нуклеарната енергија, би можел да …
Continue Reading
Меџити: Со Чешка градиме заедничка зелена иднина
Министерот за животна средина и просторно планирање и прв заменик претседател на Владата, Изет Меџити, денеска учествуваше на Форумот за енергетика и технологија помеѓу Северна Македонија и Чешка, организиран од Амбасадата на Чешката Република во Скопје. Настанот претставуваше значајна платформа за размена на идеи, искуства и иницирање нови форми на соработка меѓу институции, бизнисите и експерти од двете земји. Во …
Continue Reading
Роденденски промовирана книгата „Повест за Рушка“ на Драгослав Ортаков
Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, вчера (22.04.2025) и датумот на раѓање на македонскиот композитор Драгослав Ортаков, беше промовирана неговата последна книга „Повест за Рушка“. За книгата, процесот на нејзиното објавување, нејзината приказна и атмосфера зборуваше промоторот Христо Петрески. Разговорот за приказната, нејзините автобиографски елементи, значењето на поимот „Рушка“ итн. го продлабочи професорот на Факултетот за музичка уметност, …
Continue Reading
Обраќање на Муцунски: Членството во Франкофонијата го гледаме како можност за афирмација на македонскиот идентитет, јазик, историја и богато културно наследство
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше организатор и домаќин на панел-дискусијата на тема „Улогата на Франкофонијата во светот и регионот“, организирана по повод Месецот на Франкофонијата. Настанот беше отворен со обраќање на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Н.Е. Тимчо Муцунски. На панел-дискусијата учествуваа амбасадорите на неколку франкофонски земји акредитирани во Република Северна Македонија, меѓу кои Франција, …
Continue Reading
Предизвикале пожар на градската депонија: уапсени две лица во Демир Хисар
Вчера во 13.30 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода С.Ф.(28) и А.С.(48), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик. Имено осомничени се дека предизвикале пожар на градската депонија во Демир Хисар, а при преглед кај нив се пронајдени предмети со кои го предизвикале …
Continue Reading
Љајиќ: Ништо не е спорно Партизан ќе добие УЕФА лиценца
Членот на привремената управа на фудбалскиот клуб Партизан, Расим Љајиќ, за „Спорт клуб“ изјави дека клубот ќе добие лиценца од УЕФА за настап во европските купови, наредната сезона. УЕФА го одби Партизан, поради неисполнетите обврски кон пораншениот фудблер Никола Антиќ. Фудбалерот минатото лето од Партизан се пресели во Казахстан. „Нема ништо спорно. Партизан во текот на денот ќе му достави …
Continue Reading
Голема полициска акција на повеќе локации: сомнение за кривични дела на штета на Фондот за здравство
Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, МВР спроведува координирана акција на повеќе локации низ државата. Како што извести Обвинителството, станува збор за основано сомнение за сторени повеќе кривични дела со кои е сторена штета на Фондот за здравство. „Со оглед на обемот на акцијата повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршување“, додаваат од ОЈО ГОКК.
Continue Reading
Трамп: „Разговарав со Биби, ние сме на иста страна по секое прашање“
Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и оцени дека САД и Израел се „на иста страна“. „Тукушто разговарав со премиерот на Израел, Биби Нетанјаху, во врска со голем број теми, вклучувајќи ја трговијата, Иран итн. Разговорот помина многу добро. На иста страна сме по секое прашање“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“. Претходно, …
Continue Reading