Изгоре стан во Прилеп, поради вдишување чад две лица пренесени во болница

Вчера околу 13.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во населба „Точила“ во Прилеп настанал пожар во стан сопственост на Т.Ј., во кој престојувала неговата неговата сестра Ц.С.(51) и неговиот зет Д.П.(40), двајцата од Скопје. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад Ц.С. и сосетката С.П.(73) од Прилеп биле пренесени во болницата …

Continue Reading

Уапсен битолчанец, ја истепал својата сопруга

Вчера во 23.45 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода 27-годишниот Ѓ.С. од Битола, со престој во крушевско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Уапсен 36-годишник од Пробиштип: се обидел да нападне полицаец со остар предмет, претходно истепал 23-годишна девојка

Денеска во 01.10 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Љ.М.(36) од Пробиштип затоа што се обидел со остар предмет да нападне полициски службеник кој извршувал службени дејствија и затоа што претходно во дворот од нејзината куќа физички ја нападнал Т.А.(23) од Пробиштип. Според пријавеното, околу 23.20 часот во казино во Пробиштип, Љ.М. физички бил …

Continue Reading

Штипјанец со мотоцикл излетал од автопатот Скопје – Куманово, со тешки повреди пренесен во Ургентниот центар

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.50 часот на автопатот Скопје – Куманово, во близина на клучка Хиподром, мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од 23-годишниот Д.И. од Штип, излетал од автопатот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од …

Continue Reading

Тешко повреден малолетник од Велес, со „јамаха“ удрил во мопед „шинерај“

Вчера во 13.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на улицата „Раштански пат“ во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „јамаха“ со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник и мопед „шинерај“ со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетеник, двајцата од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал мопедот „јамаха“, констатирани во Општа …

Continue Reading

Кривична против малолетник од Скопје, криумчарел мигранти од Египет

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против малолентик од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“. На 15.04.2025 во близина на село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници извршиле контрола во возило „хјундаи“, кое тој го управувал, а на кое имало скопски регистарски таблички кои припаѓале на друго …

Continue Reading

На различни локации во Скопје уапсени шест лица, пронајдена дрога

На 20/21.04.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Џ.(47), П.Р.(32), Е.И.(39), А.И.(36) и И.Џ.(40) сите од Скопје и А.А.(50) од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Continue Reading

Изгоре стан во Аеродром, две лица се пренесени на Клиника

Вчера во 05.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во зграда на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во стан, сопственост на П.Д.(74). Од пожарот со изгореници се здобил сопственикот и заедно со неговиот син О.Д., поради вдишување на чад, биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот …

Continue Reading

На „Табановце“ и „Богородица“ за влез во државата се чека околу 20 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ времето на чекање за влез во државата изнесува околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена …

Continue Reading