Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против малолентик од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“.
На 15.04.2025 во близина на село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници извршиле контрола во возило „хјундаи“, кое тој го управувал, а на кое имало скопски регистарски таблички кои припаѓале на друго возило, прин што биле пронајдени седум лица мигранти од Египет.