Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.50 часот на автопатот Скопје – Куманово, во близина на клучка Хиподром, мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од 23-годишниот Д.И. од Штип, излетал од автопатот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.