Италија ги прекина сите фудбалски натпревари во знак на почит кон папата
Италијанската фудбалска федерација соопшти дека сите денешни натпревари се прекинати поради почит кон починатиот папа Франциско. Одлуката се однесува на сите нивоа на натпреварување – од највисоката лига Серија А до аматерски натпревари. Во соопштението на Федерацијата се вели дека „тагува поради смртта на папата Франциско“.
Continue Reading
(Видео) Вака папата Франциско се молеше сам на дожд
Меѓу неговите многубројни должности и одлуки, покојниот папа Франциско особено уживаше во друштвото на другите луѓе, црпејќи енергија од средбата со нив и возвраќајќи им ја наклонетоста со зборови на охрабрување или едноставно со грижлива насмевка, пишува „Ватикан Њуз“. Папата Франциско сакаше да биде меѓу луѓето. Тоа беше видливо секоја среда наутро на општите аудиториуми, како и кога тој се …
Continue Reading
Струмичко-скопскиот епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати писмо по повод упокојувањето на папата
Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, на Светол Понеделник, 21 април 2025 година упати писмо до сите парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата Фрањо. „Драги браќа свештеници, чесни сестри и верници, Со голема тага, но и со вера во воскресението и животот вечен, денес во утринските часови на Светол Понеделник, 21 април …
Continue Reading
Вучиќ: Папата Франциско ќе биде вечна инспирација
Светот изгуби исклучителен духовен водач кој ширеше љубов, мир и солидарност преку своето апостолско дело, објави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по повод смртта на папата Франциско, оценувајќи дека животот на папата посветен на верата, љубовта и служењето на другите треба да биде инспирација за целиот свет. На платформата Х, Вучиќ истакна дека работата на папата Франциско за зајакнување на …
Continue Reading
За прв пат по повеќе од 300 години, папа нема да биде погребан во базиликата Свети Петар
Базиликата Св. Марија Велика, каде што одлучи да биде погребан папата Фрањо, е импозантна црква од 5 век во срцето на Рим, која веќе содржи гробници на седум папи. Аргентинскиот папа, кој почина денеска на 88-годишна возраст, кон крајот на 2023 година изјави дека сака да биде погребан во оваа базилика, а не во криптата на базиликата Свети Петар, што …
Continue Reading
Путин се прости од папата
Рускиот претседател Владимир Путин ќе ги помни папата Франциско како „бранител на највисоките вредности на хуманизмот и правдата“, соопшти Кремљ во официјалното соопштение по повод смртта на папата. Во соопштението се наведува и дека Путин „имал привилегија да комуницира со овој исклучителен човек во неколку наврати“, потсетувајќи се на неговите лични средби со Папата за време на неговиот понтификат. Кремљ …
Continue Reading
Утре (22 април), сите правци ќе водат кон Миравци- „Ѓура Мара 2025“
На третиот ден од големиот христијански празник Велигден, во Миравци, ќе се слави вековната традиција со фолклорната манифестација „Ѓура Мара“. На 22 април 2025 година, со почеток од 19:30 часот, на платото пред Домот на културата, во организација на КУД „Танец“- Миравци, покрај домаќините и настапите на КУД „Браќа Толеви“ од Прдејци, својата традиција низ песни и ора ќе ја …
Continue Reading
Зеленски му оддаде почит на папата: „Тој знаеше да понуди надеж и се молеше за мир во Украина“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му оддаде почит на папата Франциско, велејќи: Тој знаеше како да понуди надеж, да го ублажи страдањето преку молитва и да го негува единството“. Тој додаде дека папата Франциско редовно се молел за мир во Украина и за украинскиот народ. „Жалиме заедно со католиците и сите христијани кои наидоа на духовна поддршка кај папата Франциско. Вечна …
Continue Reading
Кралот Чарлс и британскиот премиер се простија од папата
Бакингемската палата објави порака од кралот со која му оддава почит на починатиот папа Франциско. Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила се сретнаа со папата на почетокот на овој месец за време на посетата на Италија, а палатата објави фотографија од средбата на социјалните мрежи во тоа време, заедно со порака на италијански јазик: „che casee speciale“ – „каква посебна …
Continue Reading