(Видео) Бетис за полувреме ја реши Џирона – Миовски повторно не играше
Фудбалерите на Бетис убедливо ја победија Џирона на гости со резултат 3:1 (3:0) во последниот натпревар од 32.коло на шпанската Ла Лига. Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, поразот на својот тим го гледаше од клупата за резерви. Полуфиналистот од Конференциската лига ја продолжи добрата форма на стадионот „Монтилви“ и до крајот на сезоната ќе води голема борба за пласман во Лигата …
Continue Reading
Сензација во финалето – Го Ахед Иглс го освои холандскиот куп
Фудбалерите на Го Ахед Иглс вечерва го освоија својот прв трофеј во 122-годишната историја на клубот. Во финалето на Купот на Холандија, Иглс го победија АЗ Алкмар. Финалето одиграно на стадионот „Де Кајп“ во Ротердам аутсајдерот победи по подоброто изведување пенали. Пред речиси 43.000 гледачи резултатот по 90 минути беше 1:1, а двата гола беа постигнати од белата точка. Трој …
Continue Reading
(Видео) Запечатена резиденција на папата, во Ватикан владее седисвакација
Ватикан ја запечати официјалната резиденција на папата Франциско, симболично започнувајќи период на жалост. На снимката објавена од Ватикан се гледа кардиналот Кевин Џозеф Фарел, камерленгото, како гледа како службеник на Ватикан става црвена лента на вратата од резиденцијата на папата, ја врзува, а потоа става восочен печат на лентата. После тоа, Фарел ја проверува пломбата и се уверува дека вратата …
Continue Reading
(Видео) Какви беа последните денови на папата Франциско: „Изгледаше како да се збогува“
Во понеделникот точно напладне црковните ѕвона ширум Италија одекнаа во жалост. Почина папата Франциско. Не поминаа ни 24 часа откако папата ненадејно се појави на балконот со поглед на плоштадот Свети Петар, каде благослови 35.000 верници собрани на велигденските прослави во Ватикан. И покрај советот на лекарите дека по 38 дена во болница за билатерална пневмонија, тој треба да помине …
Continue Reading
Верниците ширум светот го оплакуваат папата
Членовите на Католичката црква, која има 1,4 милијарди верници, денеска тагуваат за смртта на 88-годишниот папа Франциско, фалејќи го како скромен човек кој ги штител маргинализираните. Туристите и верниците во Ватикан за велигденската недела беа шокирани од заминувањето на папата, еден ден откако тој ги поздрави од папамобилот на плоштадот Свети Петар на Велигден. „Вчера се појави во јавноста, изгледаше …
Continue Reading
Трамп: Меланија и јас доаѓаме на погребот на папата
Доналд и Меланија Трамп ќе присуствуваат на погребот на папата Франциско во Рим. Американскиот претседател ова го потврди на својот профил на социјалната мрежа Вистина. Претходно истиот ден Трамп нареди сите федерални и државни знамиња да бидат спуштени на половина копје во чест на починатиот папа. „Тој беше добар човек, работеше напорно и го сакаше светот. Чест ми е да …
Continue Reading
Ватикан го објави тестаментот на Папата: Гробот треба да биде во земја; едноставен, без посебни украси
Папата Франциско во својот последен тестамент потврди дека сака да биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, наместо во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што многу од неговите претходници го најдоа своето последно почивалиште. Во тестаментот објавен од Ватикан, Франциско јасно ја изразил својата желба да биде погребан „во земја, без посебни украси“, а над неговиот гроб …
Continue Reading
Ватикан: Папата почина од мозочен удар и срцево затајување
Ватикан објави дека папата Франциско починал од мозочен удар кој предизвикал кома и неповратно срцево затајување. „Смртта е констатирана со електрокардиограм“, пишува во изводот на смртта потпишан од директорот на Одделот за здравје и хигиена на Ватикан, професор Андреа Аркангели. „Потврдувам дека Неговата Светост Франциско (Хорхе Марио Бергољо), роден во Буенос Аирес (Аргентина) на 17 декември 1936 година, жител на …
Continue Reading
(Видео) Дуплантис најдобар спортист во светот
Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис е прогласен за најдобар спортист на светот на церемонијата „Лауреус“ во Мадрид. Дуплантис со години доминира во скок со стап, рекордот го собори 11 пати, а последниот го постави во февруари, кога прескокна 6,27 метри. Престижната награда му ја врачи Новак Ѓоковиќ, кој оваа награда ја освојуваше во пет наврати. Токму српскиот тенисер беше последниот освојувач. …
Continue Reading