­

Двајца Македонци загинаа во сообраќајка во Италија

Двајца Македонци го загубија животот во трагична сообраќајна несреќа што се случи помеѓу меѓу комбе и камион во близина на Боскалто ди Лорегија, Италија. Како што јавуваат италијанските медиуми, се работи за Фуат Етемовски (65) и Бајрам Бајрамоски (52) кои живееле со децении во Италија и биле работници во фабрика, кои се враќале со своето комбе дома по напорниот работен …

Continue Reading

Другарите на загинатиот Ице Андонов ќе му ја исполнат желбата да го однесат неговиот автомобил на саем

Дваесетгодишниот Ице Андонов е еден од загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој го жртвувал својот живот за да спасува луѓе, кобната ноќ на 16 март. Тој имал неисполнета желба која неговите другари ќе му ја исполнат постхумно – да го однесат неговиот автомобил на саем за автомобили. Според сведочењата, Ице бил вработен во дискотеката и неколкупати влегувал …

Continue Reading

Саем на книга 2025 од 8 до 14 мај во арената „Борис Трајковски“

Саемот на книга 2025, најголемиот книжевен настан во земјата, оваа година се одржува под мотото „Храна за душа“, истакнувајќи ја моќта на пишаниот збор да инспирира, образува и збогатува. Од 8 до 14 мај, арената „Борис Трајковски“ ќе се претвори во центар на литературата, каде што посетителите ќе можат да нурнат во светот на книгите и да ја пронајдат вистинската …

Continue Reading

Зеленски: Веруваме дека САД ќе го принудат Путин да се согласи на безусловно примирје

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, очекува САД да успеат да осигураат дека Владимир Путин се согласува на примирје. „Веруваме дека Америка ќе биде доволно силна за да го доведе Путин до безусловен прекин на огнот“, рече украинскиот претседател. Тој исто така додаде дека земјите треба да продолжат да вршат притисок врз Русија.

Continue Reading

Макрон: Русија зборува за мир, но гаѓа цивили

Францускиот претседател, Емануел Макрон изјави дека Русија го извртува договореното во преговорите за прекин на огнот. „Гледаме дека Русија секогаш е склона да го реинтерпретира она што го разговараме и за што се согласуваме“, рече францускиот претседател. „Иако вели дека сака мир, Русија продолжува интензивно да ја напаѓа украинската територија, вклучително и цивили. Ги осудуваме овие напади“, рече тој. Макрон …

Continue Reading

Филипинската сензација ја победи Швјонтек во Мајами

Александра Еала, 19-годишната филипинска тенисерка, приреди уште една сензација на Мастерсот во Мајами. Еала, во четвртфиналето ја победи петкратната грен слем шампионка Ига Швјонтек. Еала (140. на ВТА листата) за еден час и 41 минута ја победи второрангираната на ВТА листата со 6:2, 7:5. Филипинката претходно победи две грен слем шампионки, Елена Остапенко и Медисон Киз. Еала осум пати и …

Continue Reading

Ангел пристигна во Скопје! – се лекуваше во Атина по пожарот во дискотеката

Ангел е вториот пациент повреден од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој попладнево пристигна дома. Тој допатува од болницата во Атина, каде што се лекуваше по катастрофата која проголта 59 млади животи. Го пречекаа министрите за здравство и надворешни работи, Арбен Таравари и Тимчо Муцунски. Согласно медицинскиот протокол, после 24 часовен престој на клиника и по направени токсиколошки испитувања, …

Continue Reading

(Вознемирувачко видео) Насилник од Радовиш ја тепа сопругата во живо на „Тик-ток“, приведен е

Вознемирувачко видео кружи на социјалните мрежи од лице од Радовиш кое ја тепа својата сопруга, а сето тоа е пренесувано во живо на „Тик-ток“. Видеото вознемири многумина, кои упатија апели насилникот да биде веднаш приведен. На снимката жената не се гледа, но се слуша нејзиниот глас, а се тврди и дека таа е бремена. https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/03/6f066ef2-3938-4f6b-8f4d-b75571fc3394.mp4 Според информациите од полицијата за …

Continue Reading

Советот остана без кворум и не се произнесе за разрешувањето на Коцевски, Владата ја стопира постапката

Советот на јавни обвинители остана без кворум и без да изнесе мислење за државниот обивнител, Љупчо Коцевски. Седницата беше одложена оти тројца членови не можеле да присуствуваат поради здравствени и семејни причини. Претходно, премиерот Христијан Мицкоски најави дека постапката за разрешување на Коцевски ќе сопре за да им дадат шанса на обвнителите да работат на предметот за трагедијата во Кочани. …

Continue Reading