Траат увидните дејствија за несреќата во дискотеката во Кочани, соопшти обвинителството
Увидните дејствија на терен за несреќата во дискотеката „Пулс“ сѐ уште траат, информираат од Јавното Обвинителство. Според последните инфорации од таму, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска повторно е во Кочани каде што ги координира активностите на тимот обвинители назначен да ги спроведува истражните дејствија. Оттаму е најавена и изјава на Коцевски во 16:00 часот пред Основното јавно обвинителство Кочани.
Continue Reading
Утре ден на жалост и во БиХ поради трагедијата во Македонија
Владата на Босна и Херцеговина на денешната итна седница донесе одлука со која 18 март 2025 година го прогласи за Ден на жалост во Федерацијата Босна и Херцеговина поради трагедијата во Северна Македонија. Оваа одлука е донесена за да се изрази сочувство до семејствата на жртвите од трагедијата што се случи на 15 март 2025 година во градот Кочани, Северна …
Continue Reading
Огура дисквалификуван во Аргентина
Возачот на Трекхаус, Аи Огура, е дисквалификуван од трката за ГН на Аргентина, откако неговиот тим користел софтвер кој претходно не ја поминал хомологацијата. Јапонскиот возач го зазеде импресивното осмо место на втората трка од сезоната, откако стартуваше од 15-та позиција. „Огура користеше нехомологирана верзија на софтверот (V21 b102), која не е одобрена во Светскиот шампионат. Ова е спротивно на …
Continue Reading
Книга на жалост во следните шест дена ќе биде отворена во Собранието
Собранието од 18 март во 10 часот ќе отвори Книга на жалост за загинатите во огромната несреќа во Кочани. Книгата на жалост е отворена за сите граѓани во следните 6 дена, секој ден во периодот од 10 до 19 часот. Граѓаните кои сакаат да се потпишат во Книгата на жалост може да влезат во Собранието преку страничниот влез – од …
Continue Reading
Парична помош од општина Куманово за настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани
Денеска се одржа Вонредна седница на Совет на општина Куманово со една точка на дневен ред – “Предлог – Одлука за доделување на парична помош од буџетот на општина Куманово по трагичниот настан предизвикан од пожарот во дискотеката во Кочани кој се случи на 16.03.2025 година”. По едноминутно молчење, во знак на почит кон настраданите во дискотека во Кочани, едногласно …
Continue Reading
Никој не смее да биде поштеден од одговорност, ова не е време за политички пресметки, рече Венко Филипче
Претседателот на СДСМ, Венко Филипле, изјави дека трагедијата во Кочани не смее да се користи за политички пресметки кога народот треба да е обединет. Тој уверува дека како опозициска партија нема да дозволат некој што е одговорен да биде поштеден, и ќе следат процесот да се движи во праведна насока. „Никој не смее да биде поштеден. Трагедијата е преголема, и …
Continue Reading
Хелсиншки се става на располагање за семејствата на настраданите од пожарот и очекува соодветна одговорност за сторителите
Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите млади луѓе во несреќата што се случи во Кочани. Истовремено, информира дека целосно се става на располагање на семејствата на настраданите кои имаат потреба од добивање на правни совети и помош. „За таа цел можат да ни се обратат на телефонскиот број +389 2 3119 073. Во периодот …
Continue Reading
Вучиќ во посета на повредените од пожарот во дискотеката во Кочани
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска ќе ги посети повредените од пожарот во дискотека во Кочани, соопшти Канцеларијата за односи со медиумите на претседателот на Србија. Тој ќе ги посети повредените во 15 часот во Универзитетскиот клинички центар на Србија. Во Србија синоќа од Македонија пристигнале 17 повредени, а се очекува да пристигнат уште 12.
Continue Reading
Иле Гоцевски беше на првата линија, некои болки се преголеми, некои загуби се претешки за да се носат, рече Таравари за смртта на возачот на Итната помош
Министерот за здравство, Арбен Таравари, на социјалните мрежи се огласи за смртта на возачот на Итната помош во Кочани, Иле Гоцевски кој почина по тешкиот работен ден, превезувајќи ги жртвите од пожарот. „Утрово нè напушти уште едно срце, возачот на Итната медицинска помош од Кочани, Иле Гоцевски, човек кој беше на првата линија на оваа страшна трагедија, човек кој одговори …
Continue Reading