На дел од присутните им се слоши, беше повикана брза помош: Прекинат заедничкиот час на студентите и средношколците во знак на почит кон загинатите во пожарот

Со седумминутен молк точно напладне почна собирот на студентите и учениците од средните скопски училишта пред платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, каде денеска се одржа заеднички час во знак на почит на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани. Тие на платото пред УКИМ палеа свеќи и се потпишуваа во кинагата на жалост. Подоцна заедничкиот час …

Continue Reading

Србија испраќа нов авион за транспорт на уште 12 пациенти од пожарот во Македонија

На барање на Владата на Република Северна Македонија, денеска продолжува помошта и евакуацијата на повредените во пожарот во Кочани, соопшти српското министерството за одбрана. „За целите на медицинска евакуација, уште еден авион на српската армија CASA C-295 со четворица лекари и четворица медицински техничари полета за Северна Македонија. Планирано е 12 пациенти да бидат евакуирани со авион. Потсетуваме дека синоќа …

Continue Reading

Само 12 лиценци за кабареа биле издадени лани, Мицкоски вели – сите што работат без лиценци ќе бидат затворени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека минатата година биле издадени смо 12 лиценци за кабареа, а може а се заклучи колку многу клубови работат во државата. Како што рече, сите кои се без лиценци ќе бидаат затворени и никој од нив нема да работи. „Состојбата е шокантана. Не’ очекува многу работа. Очигледно некој не си ја вршел работата и сега се …

Continue Reading

Петнаесетмина експерти за изгореници од странство се стигнати во земјава, ќе ги лекуваат 84-те пациенти од пожарот кои се во македонските болници

Некои од лекарите специјалисти за лекување изгореници, кои најавија дека ќе дојдат за да помогнат во лекувањето на повредените од пожарот во Кочани, се веќе во земјава. Министерот за здравство Арбен Таравари денес извести дека повредените кои беа сместени во болниците во Кочани и во Штип се донесени во Скопје. Од вкупно 135 повредени во пожарот, 51 пациент се на …

Continue Reading

Муцунски ќе предложи државата да ги покрие трошоците за престојот на семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа тематска прес-конференција посветена на вчерашната трагедија во Кочани. Изразувајќи искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, тој нагласи дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети стои на располагање и активно работи на обезбедување неопходна помош и поддршка. Министерот истакна дека уште во утринските …

Continue Reading

Министерството за здравство отвори телефонска линија за психолошка поддршка на пациентите

Министерството за здравство информира дека во координација со ЈЗУ Психијатриска болница и Клиниката за психијатрија се формираат мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои ќе обезбедуваат психолошка поддршка за семејствата и пациентите. За сите кои имаат потреба од советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, преку која стручни лица ќе обезбедуваат психолошка поддршка. Како дел од …

Continue Reading

Пикси: Ќе предложам да одиграме хуманитарен натпревар против Македонија

Србија оваа недела ќе одигра два натпревари со Австрија, во борбата за опстанок во А дивизијата во Лигата на нации. Во пресрет на гостувањето во Виена, прес конференција одржа селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси. Пред почетокот на прес конференцијата, Стојковиќ изрази сочувство до семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Пред да започнеме со конференцијата во врска со натпреварите, …

Continue Reading

Папазов бил должен да знае дека фирмата немала лиценца и не исполнува услови за таа дејност, министерството за економија не издало лиценца, велат од ДУИ

Катастрофалната трагедија во Кочани, во која загинаа голем број наши сограѓани, покрена многу прашања за безбедноста, контролата и функционирањето на институциите, особено за оние кои согласно закон знаеле и биле должни да знаат што се случува, велат од ДУИ. „Кочани е општина со 31.602 жители, 12 илјади домаќинства и само 2 места кои работат дејност ноќен клуб односно кабаре. Во …

Continue Reading

Осомничен за пожарот во Кочани: „Ние сме херои, спасивме 200 луѓе останавме до последен момент во огнот“

– Не се чувствуваме виновни, ние сме херои, спасивме 200 луѓе. Јас до последен момент останав во огнот за да ги извадам сите деца, да ги спасувам како мои. Имам две малолетни деца, кажа еден од осомничените за пожарот во Кочани на новинарско прашањето дали се чувствува виновен”. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржа прес конференција и рече …

Continue Reading