Фрлени јајца кон куќата на градоначалникот на Кочани: граѓаните бараат одговорност за смртта на невините луѓе

Граѓаните кои протестираа во Кочани неколку часа за смртта на 59 лица во дискотеката „Пулс“ фрлаа јајца кон куќата на градоначалникот Љупчо Папазов. Тој пак преку социјалните мрежи претходно објави дека поднесува неотповиклива оставка и побара надлежните да ја испитаат одговорноста на сите инволвирани во случајот. Граѓаните пак на денешните протести револтирани бараа одговорност за смртта на невините луѓе а …

Continue Reading

Мицкоски и Таравари посетија повредени од пожарот во Кочани: „Се прават натчовечки напори, сите пациенти да закрепнат“

Денеска на Клиниката за пластична хирургија во посета на повредените пациенти од пожарот во Кочани беа министерот за здравство, Арбен Таравари заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и претставници на кризниот штаб. „Денеска ги посетив повредените од трагичниот пожар во Кочани и присуствував на состанокот на кризниот штаб на Министерството за здравство. Им изразувам огромна благодарност на здравствените работници …

Continue Reading

СОЗР ќе обезбеди превоз и сместување за семејствата на лицата кои се лекуваат во странство

Службата за општи и заеднички работи изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите во страотната трагедија во Кочани и изразува поддршка за истрајност и верба за поскоро опоравување на хоспитализираните. Ги повикуваaт семејствата на жртвите кои се лекуваат во странство и имаат потреба од превоз или сместување, да се обратат на бројот 070-270-370. Овој број е достапен за сите на …

Continue Reading

Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,29 % во однос на одлуката од 10.03.2025 година. Од 18.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС …

Continue Reading

Заменик началникот на ВМА: Состојбата на пациентите од Македонија е тешка

Заменикот началник на воената медицинска академија, Иван Лековиќ, денес изјави дека шест пациенти биле транспортирани во оваа здравствена установа и дека еден пациент е згрижен во воената болница во Ниш и посочи дека сите се во тешка и сериозна состојба. Во изјавата на Министерството за одбрана се наведува дека пациентите биле транспортирани во три медицински возила и транспортниот авион на …

Continue Reading

Обвинителството досега најде 14 одговорни за трагедијата во Кочани, се бара краткотраен притвор за сите

Четиринаесет лица се прцесуирани и за нив Обвинителството ќе бара краткротраен притвор, информираше државниот обвинител, Љупчо Коцевски. Во моментов и  градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, кој претходно поднесе оставка, е во зградата на Обвинителството и дава исказ. Тој рече дека обвинителскиот тим е проширен на 9 јавни обвинители, кои интензивно постапуваат со обезбедување докази за трагедијата со која се соочи Кочани …

Continue Reading

Возило удри во велосипедист и побегна

Вчера околу 14.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек од бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“, удрило во велосипед, управуван од А.А.(55) од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во незгодата со телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од …

Continue Reading

Вучиќ ги посети повредените од пожарот во дискотеката од Македонија: Ќе биде добро, лекарите велат да не се грижите

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги посети повредените во пожарот од дискотеката во Северна Македонија кои се на лекување во Клиничкиот центар на Србија. „Ќе биде добро. Лекарите велат да не се грижите“, му кажа претседателот на еден од повредените, кој лежел во болнички кревет покриен со завои. – Ви благодарам, тие се одлични лекари – одгови младиот пациент. Само држете …

Continue Reading

„Убиството на младината е убиство на иднината“ – граѓаните од Кочани на протест побараа правда за жртвите

Голем број граѓани на Кочани се собраа денес општинската зграда и побараа правда за жртвите од смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“. Граѓаните извикуваа „Убијци“ и носеа транспаренти со натписи: „Луѓето што имаа задача да не’ чуваат не’ убија“, „Убиството на младината е убиство на иднината“, „Бараме одговорност“. На протестот, граѓаните носеа и фотографии од своите роднини и пријатели кои ги …

Continue Reading